- Детали
Оваа 2019 година од 23 до 26 мај ќе има избори за новите 750 европратеници во новиот состав на Европскиот Парламент.
Познавајќи го капацитето на досегашните европратеници кои истовремено потребно е да ги бранат и интересите и политиките на Ромската Нација од Европа која брои над 12 милиони Роми од стариот континет, ИРУ е на мислење дека идните парламентарци во ЕП ќе биде потребно да посветат поголемо внимание и кон горливите ппроблеми на Ромите.
- Детали
Во рамките на своето учество на Пленарната седница на ЕП во Брисел, претседателот на ИРУ Зоран Димов, и нејзиниот потпреседател Анатолиј Бутаков, остварија значајни средби и презентација на плановите и програмата на работата на ИРУ.
Преставниците на ИРУ најнапред имаа средба и разговори со Претседателот на ЕП г-дин Антонио Тајани. Тука разменија доста корисни информации за понматамошна и долгорочна соработка со приоритет на креирање на Стратегија и план за Ромите.
- Детали
По покана од актуелниот претседател на ЕП Антонио Тајани, на редовната Пленарна седница на ЕП кој се одржа во Брисел на 30 јануари, свое улество имаа и двајца високи преставници од најголемата интернационална ромска организација -ИРУ.
- Детали
Денес (30 јануари 2019) во Брисел во Европскиот Парламент ќе се одржи редовна Пленарна сесија на европратениците. Во рамките на таа сесија истовремено ќе се одржи настан кој ќе се одбележи и денот на Сеќавање на Холокасутот.
Важно е да се истакен дека токму од Претседателот на Европскиот Парламент, г-дин Антонио Тајани беше поканет и Претседателот на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ г-дин Зоран Димов како и потпреседателот на ИРУ Анатолиј Бутаков. Тие ќе земат учество и воедно ќе ја престават и Стратешката Рамка подготвена од ИРУ, како и донесените Стратепки резолуции исто така донесени од ИРУ.
- Детали
Почитувани
Интернационалната Ромска Унија -ИРУ , како прва и најголема Ромска организација во светот која ја преставуваат над 60 членови и делегати од 50 држави од сите континенти, длабоко е загрижена и посветено ги следи последните настани во врска со состојбата на Ромите од селото Војводиново - Пловдив, Р.Бугарија и рушењето на нивните куќи.

На овој 10-ти Конгрес на ИРУ покрај што ќе покажеме единство исто така ќе преставува убава можност да се разгледа и донесе една предолг Резолуција која ќе го подигне рејтингот и респектот како меѓу Ромите така и меѓу не-Ромите, и ќе се продлабочи демократијата и легитимитетот на ИРУ. На Конгресот исто така меѓу другите точки ќе има и дискусии во врска за планови на имплементација на електронското интернет гласање кое треба да се имплементира на Конгресот на ИРУ кои се планира за 2020 година.
За нов претседател беше избран претставникот од Македонија, Зоран Димов. Негови заменици се делегатите Јасмина Ахметај од Словенија, Агуш Демировски од Швајцарија, Ајтен Беранта од Финска и Герард Линдер од Полска. За генерален секретар на IRU, како и благајник, изгласани се Рамуш Муарем од Македонија и Вели Хусеин од Хрватска. Како претседател на Парламентот на IRU избран е Стево Балог од Австрија, додека како потпретседатели на Парламентот се избрани Ангелица Маштакова од Италија и Стефан Кузицов од Шведска.



