Интернационалната Ромска Унија - ИРУ во врска со последните актуелни случувања во Раднево и атакот и нападите врз Ромското население од страна на Бугарите, како и на претходните случувања и одвоени атаци врз Ромите од оваа држава, реагира и апелира сите акции да се смират, и да се размислува со трезни умови.

ИРУ активностите и кампањата не стивнува. Стратегијата на ИРУ за активна и пред се плодна работа продолжи и во Брисел во офисот на Европската Комисија. Делегацијата на ИРУ предводена од Претседателот на ИРУ Зоран Димов, придружуван од Претседателот на Парламентот на ИРУ Стево Балог и потпреседателот на ИРУ Агуш Демировски, имаа средба со кабинетот од офисот за недискриминација и Ромските координатори Лина Папамичалопоуло и Јана Балажова.

Денеска на состанокот на Кабинетот на ИРУ предводен од Претседателот на ИРУ Зоран Димов, специфично се дискутираше за идните дирекции и стратегии за мерки на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ.

Како дел од прославите за време на Викендот на активности по повод  8ми Април Интернационален Ден На Ромите во Офисот на ИРУ. Состанокот во Марибор - Словенија покрај Претседателот на ИРУ г-динот Зоран Димов беше организиран и од страна на Заменик Претседателот на ИРУ Г-ѓа. Јасмина Ахметај.

Претседателот на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ, Зоран Димов денеска испрати протестна нота - Реакција до Амабасадорот на Република Црна Гора во Р.Македонија, Н.Е. Предраг Митровиќ , поповод немилиот настан и инцидент кој се случи деновиве во Подгорица, кога за сега двајца непознати физички го нападнаа сеуште неидентификувано момче од Ромска националност.

Во рамките на своите активности и делувања, Претседателот на ИРУ Зоран Димов, придружуван од Претседателот на Парламентот на ИРУ Стево Балог и потпреседателот на ИРУ Агуш Демировски, имаа средба со високи преставници на кабинетот на Претседателот Доналд Туск. Во текот на средбата со преставниците на кабинетот Др Сузана Михајлчова Шутиакова , Фабиене Гејзен, и Филип Ландон, претседателството на ИРУ, ги запознаат со текот и начионот на функционирање на Интернационалната Ромска Унија, и стратегијата на работата.