- Детали
Во петок и сабота на 28 и 29 јуни Скопје ќе биде домаќин на над 70 ИРУ делегати од 50 држави и други видни гости.
Ќе се дискутира најповеќе за состојбата на Ромите во целиот свет и во тој домен ќе се одржат дебати и неколку научни Симпозиуми како што се: Публик Хиринг - Тема: "Владеење на правото и Статусот на Ромската заедница" -, Трет Научен симпозиум за Холокаустот - Тема: „Ромскиот Холокауст -Ужасот и вистината за Ромските гета„ - Прв Научен симпозиум - Тема: "Генеза, Јазик, Историја и религија„ како и Ромски Бизнис Форум.
Во тој склоп и самиот Претседател на ИРУ , Зоран Димов поради специфичниот момент напоменува:
„Мене како Претседател на ИРУ мојот сон и идеал е толку едноставен! Би сакал јас како Ром заедно со мојот народ да живеам во општество каде интересите на поединецот , слободата, правдата и достоинството се многу поважни од територија или било кои национални и државни интереси.
Тоа се основни принципи на секој човек (вклучувајќи го и Ромот). Би сакал тој минимум да го видам и во тие места каде опстојуваме и живееме без разлика за која држава станува збор..
Секогаш размислувам за тоа на кој начин да ги дознаам имињата на сите тие невини ромски жртви насекаде низ светот кои за да може еднаш засекогаш се скрши таа тишина за минатите несреќи со кои беа соочени Ромите во минатото.
Убеден сум дека еден ден и нашите синови и синовите на сите оние други кои имаат предрасуди кон Ромскиот народ ќе седнат заедно на една иста братска маса и ќе се радуваат на исти работи, напоменува во своите размислувања првиот човек на ИРУ Димов.
- Детали
Во рамките на Парламентарната сесија на ИРУ на 28 и 29 Јуни која ќе се одржи во Скопје, една од активностите е и потеклото на Ромите, нивната Генеза, Јазик, Историја и религија.
Тоа е насловено како Прв научен симпозиум каде свои најнови сознанија, дискусии, предлози и активности во своите говори директно пред присутните ќе се обратат. Свои презентации меѓу другите ке имаат и: Верандра Риши -Индија, Др. Трајко Петровски РСМ , Дип.етнолог Даниел Петровски, Андрис Тертатс - Латвија, Давид Берат , Имер Кајтази - Белгија, Роберт Алаѓозовски - Нац. коорд. за раз. на културата и меѓун. сораб.
Истивремено од иновативен аспект преку свои видео презентации свое излагање ќе имаат и истакнати стручњаци токму од тој сегмент меѓу другото и имња како што се: Др. проф. Јан Ханкок - САД, Др. Рајко Ѓуриќ - Р. Србија, Гратан Пуксон - В. Британијаи Надежда Деметер - Руска федерација
Овој дел ќе се одржи на 28 јуни - Петок во хотелот Континетал во Скопје
- Детали
Во него се вели: Во својство на Претседател на Советот на министри, вие носите голем срам за Италија!
Иселувањето на 500 Роми, мажи, жени и деца во општината Џулијано во Кампанија, на 10 мај (вклучувајќи и 100 деца), е најновата нечовечка акција што ја презема државата и општините против Ромите и Синтите, за кои се знае дека се најранливата група на луѓе во Европа.
- Детали
Големата полициска акција во која учествуваа околу 1.200 полицијски службеници, а која се спроведе во утринските часови на 7 Мај 2019 година на 19 локации низ Белгија беше насочена кон Ромската заедница (Патувачи).
Обвинението за која се спроведе оваа акција е поради трговија со нелегално добиени возила.
ИРУ високо ја почитува работата на полицијата и справување со криминалците во белгиското општество, затоа што е потребно сите да се еднакви пред белгијскиот правен систем.
- Детали
Од 25 до 27 март во Хелиснки, Финска се одржува Конференција за жената Ромка со повеќе теми за дискусија.
На таа конференција исто така учество земаат преставници од сојузни министерства и интернационални организации. Свое учество на оваа важна конференција има и Интернационалната Ромска Унија - ИРУ.