Како што беше претходно јавено дека Интернационалната Ромска Унија -ИРУ чиј претседател е Зоран Димов, доби ЕКОСОС асоцијативен статус во Обединетите Нации. 

За да се продолжат активностите на ИРУ и соработката со ОН и офисите во Њујорк, Женева и Виена, ИРУ отвара свои офиси во тие градови составена од членови делегати на ИРУ. Во сите тие офиси назначени се по седум ИРУ члена кој ќе учествуваат на настаните организирани од страна на ОН.

Викендот 01-03 септември 2018 година во Хелсинборг , Шведска се одржа редовната парламентарна ИРУ сесија. Во присуство на над 45 членови и делегати на ИРУ од 26 држави на првиот ден од ИРУ Парламентот започна со интонирање на химната домашин Шведска и ромската химна.

 Потоа се даде еднаминутна почит кон Ромите кои ги изгубиа своите ѓживоти како и минути одвоени за молитви како од страна на припадниците од христијанската и католичката вероисповед така и од страна на муслиманската веросиповед, со желба за здравје, почит и успешна работа.

Како дел зацртани активности на ИРУ во втората половина од 2018 година е и одржување на редовен парламентарен собит на ОРУ делегатите. Овој пат втората Парламентарна сесија во 2018 година ќе се одржи од 1 до 3 септември годинава во Шведска -Хелсинборг.

Овој пат организацијата за одржување на оваа Парламентарна сесија на ИРУ ја превзема актуелниот Потпреседател на ИРУ парламентот Стефано Кузицов.

Сузана Ким WCC: - Можете ли да ја опишете малку историјата помеѓу ИРУ и ВЦЦ во текот на 1970-тите?
Зоран Димов Претседател на ИРУ:Важноста на оваа взаемна соработка меѓу ИРУ и Светскиот совет на црквите - Женева е составена од фактот дека многупати пред да дадат огромен придонес во развојот на движењето и активностите кога станува збор за Ромите како луѓе.

Од 19 до 21 август годинава по покана од Советот на Светските цркви - (WCC), чие седиште е во Женева се оствари средба со преставници на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ и високите преставници на WCC. Делегацијата на ИРУ беше предводена од Претседателот Зоран Димов во придружба на Ларс Деметер од Шведска, Томас Актон и Мартин Бурел од В.Британија.