Затоа ИРУ како најголема и најстара организација на Ромите испраќа апел до сите ромски политички активисти, и борци за ромските права ги охрабрува и повикува да се приклучат кон кампања за нивни избор. ИРУ целосно со сиот свој капацитет и структура ќе стои и ќе лобира за идните европратеници.
Ги охрабрува сите кандидати што помасовно да се приклучат кон политичките европски движења кои имаат добри намери кон ромската нација. Инаку кандидатите потребно е да имаат лоби од своите партии во кој се и членови, како и подршка од Ромската заедница од државата од кој потекнуваат, а се земја членка на ЕУ.
Тоа значи дека ИРУ ќе ги подржат сите наши Ромски активисти кои ќе бидат дел од Европските демократи, Партија на европските социјалисти и Сојуз на либералите и демократите за Европа, Унија за Европа на нации, Европски Зелени - Европска слободна алијанса, Европска обединета левица - Нордиска зелена левица и Независност и демократија.
Овој повик се однесува само на кандидатите чии земји се членки на Европската Унија и имаат право да се кандидраат за Европскиот Парламент.
Кон овој повик на ИРУ со своја поддршка и лоби се приклучуваат и сите ромски организации кои се членки во ЕРТФ (IRU, RNC, IRFIN, Phenjalipe, IREM, Ромска политичка група, EastWestMet) ERIO и Ромски интелектуалци од целиот свет.
Затоа ИРУ ги повикува сите тие кандидати, и потребно да испратат свое CV како и информации за нивните досегашно искуство и работа на овој план на следната е маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.