Оваа 2018 која заминува остана запеметена по тоа што прелиминарно ја зацврсти својата соработак со многу интернационални офис, кои се од значаен аспект за рењализација на сите свои планови поврзани со Ромите насекаде низ светот.

Покрај активната соработка со ЕУ, СЕ, ЕП, ЕВЗ, ЕРТФ и дуриги во јуни 2018 официјално го зацврсти својот статус со ЕСОЅОС во Обединтетите нации и отварање на ИРУ офиси во Њујорк, Виена и Женева.

Сега во оваа 2019 година на чело со претседателот Зоран Димов заедно со членството на ИРУ го има предизвикот на имплементирање на стратегијата и планот на делување во рамките на своите надлежности.

За подобра координација и активности во врска со работата на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ, и  подобра координација со членовите на ИРУ од Руската федерација, денска официјално е отворен и офисот во Москва. 

Тој значаен чин за ИРУ го означија Претседателот на ИРУ Зоран Димов, како и членот на ИРУ Анатолиј Бутаков.

Како што информираа и двајцата, ова е уште еден чекор напред во делувањето на ИРУ насекаде низ светот. 

По добивањето на ЕSОСOC статусот на ИРУ во ОН, и во рамките на понатамоѓна соработка и активности , средба со челниците на ОН имаше Претседателот на ИРУ Зоран Димов. Средбата се случи во седиштео на ОН во Виена. 

Тие разговараа на тема околу состојбата и статусот на Ромите кои се дел и од планот на работата на ОН . Зоран Димов ги запозна со насоките за обезбедување и подигање на Ромското прашање на глобално ниво. За време на средбата во ОН- Виена исто ги запозна дека паралелни активности се водат и во другите два офиса кои ИРУ ги има за соработка со ОН во Њујорк и во Женева.

Пред да се одржи недоамнешната Конференција на Светските цркви, во Ватикан испрати покана и до ИРУ да земе учество со свој преставник. 

ИРУ на својот последен парламентарен состанок во Хелсинборг во Шведска одлучи како ИРУ преставник да го назначи Шефот на ИРУ Комисијата за религија и односи г-дин Ларс Деметар.

Како што беше претходно јавено дека Интернационалната Ромска Унија -ИРУ чиј претседател е Зоран Димов, доби ЕКОСОС асоцијативен статус во Обединетите Нации. 

За да се продолжат активностите на ИРУ и соработката со ОН и офисите во Њујорк, Женева и Виена, ИРУ отвара свои офиси во тие градови составена од членови делегати на ИРУ. Во сите тие офиси назначени се по седум ИРУ члена кој ќе учествуваат на настаните организирани од страна на ОН.