Воедно повеќе загрижува и фактот и реториката која се употребува за овој случај од страна на високи државни функционери во Владата на Р.Бугарија (на пр. Министерот за одбрана г-дин Каракачанов), кој е со својот говор на омраза насочен кон Ромите од оваа држава, само го поттикнува уште повеќе екстремниот набој кон овоаа популација.

Свесни сме сите дека потребно е да се почитуваат законските регулативи и почитување на самите закони, но потребно е да се има во предвид и оној битен хуман човечки аспект. Во периодот кога временските услови не го дозволуваат тоа, а се превземаат акции да се остават буквално на улица  жени, деца, стари и изнемоштени лица доволен е показател, дека навистина не е таа политика за која се залага една држава која е дел од европското семејство и се бори против сите форми на дискриминација, сегрегација, нетолеранција и други активности со кои се повредуваат основните човекови права.

 Повеќе ова личи на форма каде од една група, партија, лидер или симпатизери на една политичка опција остварување на свои предизборни ветувања и добивање на политички поени отколку некоја државна стратегија.

Овој вид на нетолеранција само ги перцепира некои случувања кои не враќаат наназад неколку децении од минатиот век

За се постојат форми и начин на разрешување на евентуални проблеми, за кои веруваме дека Бугарија има демократски инструменти за нивно разрешување. Тоа може да се стори и преку разни донесени државни стратегии за решавање на проблемите како што се домување, вработување, образование и социјална инклузија.

Тука се верувам и многубројните граѓански организации кои за решавање на овие проблеми можат заедно со државата да изнајдат безболни и поволни решенија.

Затоа ИРУ апелира до сите релевантни меѓународни организации и институции како што се: Европската Унија, Советото на Европа, Европскиот Паралмент, ОН, ОБСЕ, ОДИХИР, Хелсиншкиот Комитет и други да превземат акции и да реагираат против овој вид на дискриминација и нетолеранција, и веднаш да наложат негово ефикасно елиминирање на вакви појави.

Истовремено ИРУ која има своја План и програма, донесена резолуција и слични документи стои на располагање со сите погоре наведени институции да соработува во изнаоѓање на оптимални решенија, се во духот на почитување на фундаменталните човекови права, Истовремено ИРУ може заедно и со Бугарските државни органи да работи во изнаоѓање на оптимални решенија кои ќе бидат од корист за сите засегнати страни.

Уште еднаш ние како ИРУ апелираме до сите меѓународни институции и организации да превземат чекори и акции за елиминација на овој вид недемократски акции.

 

Со почит

Зоран Димов

Претседател на ИРУ