Но она што загрижува е начинот кој е спроведен при акцијата на овие масовни апсења. Полициската акција беше спроведена во над 200 акции, уапсени околу 80 Роми, и запленет и конфиксуван имот, предмети и каравани.
Истовремено при апсењата најголемиот дел од Ромите всушност беа веднаш потоа ослободени без да бидат испрашани, но нивниот имот и одземените предмет не им се вратени, така што сега има голем број на припадници на оваа заедница оставени под отворено небо без да им се најде адекватна замена за сместување.
Тоа значи дека апсење на невини луѓе без доказ или факт за направен криминал е неприфатливо во правниот систем.
Таков начин на реакција го буди црното минато од времето на масовни апсења и депортација по конц логорите за време на Холокаустот.
Уште повеќе загрижува фактот дека сето ова се случува пред очите и центарот на Европа во Белгија! Европа молчи, замижува и не реагира!
Дали со оваа форма на апсења Ромите се „жртвено јагне„ се во име на престојните Избори во Европскиот Парламент за да се подигне рејтингот и кампања за сите оние кандидати за пратенички места а се десно ориентирани и се познати по нивната анти ромска реторика.
Затоа и ИРУ нема да молчи и ќе реагира правовремено до сите европски и други меѓународни институции.
Истовремено ИРУ ги повикува белгијските надлежни органи при министерството за внатрешни работи да ги спроведе потребните активности и да им ги врати на Ромите Патници назад нивните каравани, нивните единствени домови.
Се бара запирање на апсењето на целата заедница за направените криминали на одредени поединци. Ги повикуваме организациите за човекови права да нѐ поддржат во изнаоѓањето начин да ја решиме оваа сложена состојба и да се направи конструктивен дијалог со белгиските и меѓународните власти.
Истовремено ИРУ апелира и до локалните или пак други ромски организации да не се обидуваат да ја манипулираат Ромите и јавноста да изиграваат спасители само во име на некој личен интерес и профит, врз грбот на овие несреќни Роми.