Во рамките на Парламентарната сесија на ИРУ на 28 и 29 Јуни која ќе се одржи во Скопје, една од активностите е и потеклото на Ромите, нивната Генеза, Јазик, Историја и религија.

 

Тоа е насловено како Прв научен симпозиум каде свои најнови сознанија, дискусии, предлози и активности во своите говори директно пред присутните ќе се обратат. Свои презентации меѓу другите ке имаат и: Верандра Риши -Индија, Др. Трајко Петровски РСМ , Дип.етнолог Даниел Петровски, Андрис Тертатс - Латвија, Давид Берат , Имер Кајтази - Белгија, Роберт Алаѓозовски - Нац. коорд. за раз. на културата и меѓун. сораб.

 

Истивремено од иновативен аспект преку свои видео презентации свое излагање ќе имаат и истакнати стручњаци токму од тој сегмент меѓу другото и имња како што се: Др. проф. Јан Ханкок - САД, Др. Рајко Ѓуриќ - Р. Србија, Гратан Пуксон - В. Британијаи Надежда Деметер - Руска федерација

 

Овој дел ќе се одржи на 28 јуни - Петок во хотелот Континетал во Скопје