Во петок и сабота на 28 и 29 јуни Скопје ќе биде домаќин на над 70 ИРУ делегати од 50 држави и други видни гости.

Ќе се дискутира најповеќе за состојбата на Ромите во целиот свет и во тој домен ќе се одржат дебати и неколку научни Симпозиуми како што се:  Публик Хиринг - Тема: "Владеење на правото и Статусот на Ромската заедница" -, Трет Научен симпозиум за Холокаустот - Тема:  „Ромскиот Холокауст -Ужасот и вистината за Ромските гета„ - Прв Научен симпозиум - Тема: "Генеза, Јазик, Историја и религија„  како и Ромски Бизнис Форум.

Во тој склоп и самиот Претседател на ИРУ , Зоран Димов поради специфичниот момент напоменува:

„Мене како Претседател на ИРУ мојот сон и идеал  е толку едноставен! Би сакал јас како Ром заедно со мојот народ да живеам во општество каде интересите на поединецот , слободата, правдата и достоинството се многу поважни од територија или било кои национални и државни интереси. 

 

Тоа се основни принципи на секој човек (вклучувајќи го и Ромот). Би сакал тој минимум да го видам и во тие места каде опстојуваме и живееме без разлика за која држава станува збор..

 

Секогаш размислувам за тоа на кој начин да ги дознаам имињата на сите тие невини ромски жртви насекаде низ светот кои за да може еднаш засекогаш се скрши таа тишина за минатите несреќи со кои беа соочени Ромите во минатото.

 

Убеден сум дека еден ден и нашите синови и синовите на сите оние други кои имаат предрасуди кон Ромскиот народ  ќе седнат заедно на една иста братска маса и ќе се радуваат на исти работи, напоменува во своите размислувања првиот човек на ИРУ Димов.