На овој 10-ти Конгрес на ИРУ покрај што ќе покажеме единство исто така ќе преставува убава можност да се разгледа и донесе една предолг Резолуција која ќе го подигне рејтингот и респектот како меѓу Ромите така и меѓу не-Ромите, и ќе се продлабочи демократијата и легитимитетот на ИРУ. На Конгресот исто така меѓу другите точки ќе има и дискусии во врска за планови на имплементација на електронското интернет гласање кое треба да се имплементира на Конгресот на ИРУ кои се планира за 2020 година.
За нов претседател беше избран претставникот од Македонија, Зоран Димов. Негови заменици се делегатите Јасмина Ахметај од Словенија, Агуш Демировски од Швајцарија, Ајтен Беранта од Финска и Герард Линдер од Полска. За генерален секретар на IRU, како и благајник, изгласани се Рамуш Муарем од Македонија и Вели Хусеин од Хрватска. Како претседател на Парламентот на IRU избран е Стево Балог од Австрија, додека како потпретседатели на Парламентот се избрани Ангелица Маштакова од Италија и Стефан Кузицов од Шведска.