- Детали
Почитувани Роми и пријатели
Денес кога одбележуваме 47 години од денот на воспоставување на темелите на идентитетот на Ромите на интернационално ниво, и истовремено официјално назначување на ромското знаме и химна, чувствувам потреба да ги презентирам моите видувања и истовремено видувањата на нашата организација ИРУ кој е втемелувач , иницијатор и главниот протагонист за одбележување на овој значаен ден за Ромската нација низ целиот свет, каде многу често други ромски организации , интелектуалци, ромски политички партии намерно или игнорантски го избегунваат фактот за значајниот придонес на нашата организација Интернационалната Ромска Унија -ИРУ.
- Детали
Интернационалната Конференција на Жената Ромка , ИРУ -Женско лоби во Стокхолм - Шведска се одржа на 22 март годинава. Таа се одржа во Скандик Хотелот во Тјоби. Се работи за воздигање на Ромското женско прашање во Рамките на ИРУ и истовремено пошироко.
Во рамките на тие активности свои излагања како и организациска поставеност на ИРУ женското лоби имаше повеќе дискутанти од ИРУ женското лоби.
Свои излагања имаа: Росита Гронфорс, Ен Маргарет Лив, Миранда Вуоласранта, Сисела Нордлинг Бланко, Анџелина Димитар Тајкон, Дијана Нојман, Миа Тајкон, Сунита меметовиќ, Барвул Соња, Кристинела , Домино Каи и други.
- Детали
Обединтетите Нации во следниот месец ќе го верификува членството на Интернационалната Ромска Убија -ИРУ и ќе му се додели ЕКОСОК бројот.
Оваа потврда и повраток на ИРУ во ОН е многу важен елемент за повторно заживување на ИРУ кој по одржаниот 10 Конгерс во 2016 година беше даден како приоритет на цел.
Инаку во минатото кога ИРУ во 1979 година беше примен во ОН, по неколку години го загуби тоа членство во ОН.
Овој состав на ИРУ ја постигна цел и со неговите преставници ќе заминат во Њујорк каде ќер ги презентираат своите планови и стратегии кога е во прашање интересот на Ромската Нација.
- Детали
Почитувани делегати, и членови на ИРУ, Браќа и сестри!
Ми преставува како Престедател на ИРУ огромна чест и задоволство да Ве информирам и да ја споделам оваа за нас како ИРУ многу важна информација.
Всушност од самиот почеток на нашето заедничко делување од Конгресот на ИРУ во март 2016 година во Скопје, заложбите за регулирање на обврските и задачите со повеќе меѓународни институции и фондации како во Европа така и во светот полека но сигурно се остваруваат.
Една од нашите пропишани цели како дел од Планот и програмата на работење на ИРУ беше и регулирање на односите и функционирање на ИРУ во рамките на делување на ЕВЗ Фондацијата во Берлин. Р.Германија.
- Детали
На неколку годишното недоразбирање на двете страни на ИРУ , од една страна ИРУ - Виена чиј претседател е Зоран Димов, и ИРУ -Латвија чиј претседател е Нортмунд Рудевич им е ставено крај.
Во рамките на претхдоните активности за состанок и помирување, кое беше одржано на 23 јануари 2018 во Берлин - Германија во просториите на ЕВЗ Фондацијата, се одржа средба помеѓу двете страни. На таа средба покрај претседателите на двете ИРУ, Димов и Рудевич беа присутни и Иван Бариев од Русија, Груја БУмбу од Романија, Василиј Драгој од Молдавија, Роман Чонјански од Полска како и двајцата адвокати Др Франк Репенхаген од Германија и Бари Фишер од САД.