- Детали
Како што беше најавено Ромскиот Традиционалн Суд во недела на 18.септември со почеток од 13:00 часот во директна Видео конференција заседаваше и го одржа процесот на сослушување на повиканите 13-мина лица кои требаше да дадат свои искази и факти во врска со обвинувања за искористување на своите функции и позиции и евентуални финансиски проневери во името на ИРУ.
Традиционалниот Ромски Суд предводена од шефот на Грегор Јулсон од Шведска и членовите Гратан Пуксон од Британија, Стиво Радул Балог од Австрија, Вица Муто од Полска, Звонко Јашаревиќ од Србија, Стефан Видов од Словачка и Тодор Муто од Руската федерација.
- Детали
Жално е кога некој т.н. „големи Ромски патриоти и активисти„ наместо да се фатат за работа, по цел ден седат пред социјалните мрежи и само без аргументи и најпростачки настојуваат да лечат свои некој лични или групни комплекси, при тоа сакајќи да се „самопромовираат„, затоа што само така можат да бидат забележани.
Нивниот стил на работа е чисто „паразитски„ без некој резултат даден до сега од нивна страна и без некој видлив резултат.
Увидувајќи дека се „невидливи„ во своите активности (невидливи се зошто ништо и не работат), сакајќи да се самопромовираат „удираат„ без цел и докази, само за да бидат слушнати.
- Детали
На ден 28 август со почеток од 11:00 часот, започна Видео Конфернецијата на шефовите на ИРУ Комисиите.
На видео Конфренецијата беа присутни: Зоран Димов - Комисија за Холокауст и модератор (Македонија), Розита Грофсон - Шеф на сите Комисии (Финска), Грегор Лурсин - ИРУ Крис(Шведска), Агуш Демировски - Комисија за Правда(Швајцарија), Пиен О Реахтиган - Комисија за Човекови Права (Британија), Ајтен Берафла - Комисија за Образование(Шведска), Јасмина Ахметај - Комисија за Култура(Словенија), Моника Чоровиќ - Комисија за Интервенции(Аустрија), Кхурам Кхам - Комисија Финансии и Буџет(Пакистан), Рамуш Муарем - Комисија за Медиуми и Комуникации(Македонија), Гратан Пуксон - Комисија за ДТ(Британија), и Герард Линдер - Комисија за Млади и спорт (Полска).
На дневен ред беше преставување на сите Стратегии од страна на Шефовите на секоја Комисија посебно.
- Детали
Во рамките на активностите на ИРУ, своја Парламентарна сесија одржа во Скопје од 11 до 13 јули оваа година. Во деновинте на активностите, преставниците на ИРУ донесоа доста интересни дискусии како и заклучоци.
Еве кои се побитни точки на кои работеше ИРУ Парламентот деновиве:
Во дебата каде беа повикани неколку амбасадаи во Р.М. свои видувања поради инциденти во матичните држави во врска со Ромите свој извештај поднесоа Амбасадата на Црна Гора каде преставена беше од Првиот секретар Селма Машовиќ, како и претсавникот на Руската Федерација г-дин Владимир Ткаченко.
Во продолжение се дискутираше за растечкиот бран на анти ромско расположение како во Европа и севтот.
Потоа се премина на гласање на измена во Статутот на ИРУ од Поглавје 5 за преименување на терминот Влада или Комесари, во Комисии, од причина што беше предложен поради неадекватното име и назив на тие функции.
Сите делегати едногласно ја изгласаа таа измена, и така одсега во ИРУ новата форма е Комисии и Комисионери, наместо досегашните „Министери„ или „Комесари„
- Детали
По завршеток на 10-от Конгрес на ИРУ во Скопје кој се одржа од 18 до 20 март 2016 година, каде свое учество земаа над 70 делегати од 35 држави од 5 континенти, беше избрано новото раководство , официјално ја потврди и својата веродосотојност и валидност, по сите оние паушални и неосновани реакции од страна на нелегитимните „ИРУ - Латвија - Рига„ на чело со Нортмунд Рудович, и Дорин Чоаба и неговата „Романска ИРУ„.