Протесната нота -Реакција, е еден вид на изразена загриженост во врска со ксенофобијата, нетолеранцијата, дискриминацијата и расната национална нетрпеливост кон Ромската популација, кои деновиве се случи од страна на Ангел Калев, Ваш државјанин - жител од селото Овчеполци - Пазарџик, со ништо предизвикан, а очигледно само од расна нетрпеливост и национална омраза, брутално и нечовечки физички и психички малтретираше едно 17 годишно Ромско момче исто така негов сограѓанин  од истото место. На видеото кое е снимено  кое лично од страна на лицето Ангел Калев е постирано на социјалните мрежи, се гледа и слуша сето она кое го сторил, покрај физичкиот атак, упатува и навреди на национална основа.

ИРУ најстрого регира на вакви индивидуални испади, но воедно и бара најостра осуда и реакција од страна на Вашата држава и  спроведување на темелна истрага, и спроведување на правда против сторителот на овој навистина гнасен чин. Осуда и превземање на правни и други инструменти од страна Р.Бугарија, би преставувало начин на дистанцирање и осуда на вакви акти, затоа што факт е дека во Р.Бугарија живеат околу 800.000 Роми, и воедно би преставувало директно кршење на основните човекови права во држава која е членка на ЕУ.

Уште еднаш апелираме за директна осуда и соопштение за осуда од Ваша страна на овој акт, за да не се стекне впечаток, дека секое молчење и нереакција е еднакво на одобрување!

 

Во Скопје Со почит

20. Април 2016                                                                                                                 Зоран Димов

    Претседател на 

                                                                                           Интернационалната Ромска Унија - ИРУ