- Детали
Викендов во Стокхолм, Шведска Интернационалната Ромска Унија - ИРУ одржа состанок со назачените Шефови на 10-те ИРУ Комисии и воедно со шефовите кои ги водат трите програми (Демократска Транзиција, Крис и Женското ИРУ лоби).
За време на состанокот одржан во хотелот „ Скандик Викторија Товел„ во Стокхолм, сите Шефови на Комисиите ги презентираа своите Стратегии и Програми за периодот кој доаѓа. Со состанокот раководеа, Главниот Шеф на сите комисии и организаторот на овој состанок Розита Гронфорс и воедно исто и Претседателот на ИРУ Зоран Димов.
- Детали
Вчера во рамките на Конференцијата „Планот за инклузија на Ромите во Шведска 2017 - 2020” која се одржа во Стокхолм, покрај другите преставници на Ромскит НВО Сектор од Шведска, присутни беа и членовите на ИРУ предводени од Претседателот на ИРУ Зоран Димов, Шефот на сите Комисии на ИРУ од Шведска Розита Гронфорс, Потпретседателот на ИРУ Стефан Кузицов, Шефот на Комисијата за образование, јазик и наука Ајтен Берлафа, Шефот на ИРУ Крисот Грегор Јулсон и генералниот секретар на ИРУ Рамуш Муарем, исто така меѓу присутните беше и Шведскиот Министер за Култура и Демократија Алиса Бах Кунке.
- Детали
1ви Октомври 2016 во Стокхолм ке се одржи состанок на сите шефови на ИРУ комисиите. Воедно на истиот состанок ќе се презентираат Стратегиите на секоја Комисија посебно од страна на назначените шефови. Овој состанок е инициран од Шефот на Сите Комисии Розита Гронфорс од Шведска, и од Претседателот на ИРУ Зоран Димов. Во истата организација се приклучува и делегатот од Шведска и воедно член на женското лоби Ајтен Берлафа.
- Детали
Денеска во Стразбур, Франција се одржува Седница на Мрежата Интернационални Ромски женски организации попозната како IRWN - Phejnalipe.
На овој состанок присуствуваат сите позначајни организации, асоцијации, здруженија и лоби групи кои работат на полето со Правата на жената Ромка на интернационално ниво.
На овој состанок исто така свое учество земаат и двајца високи функционери од Интернационата Ромска Унија - ИРУ, кои се дел од женското лоби на ИРУ. Тука се Росита Гронфорс од Финска инаку Главен шеф на сите Комисии во ИРУ, и Ајтен Берафла од Шведска инаку и Шеф на Комисијата во ИРУ за образование , наука и јазик.
- Детали
Во рамките на своите активности денеска во Амбасадата на Исламската Република Иран, претседателот на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ Зоран Димов, имше срдечна средба со Амбасадорот Н.Е. Саид Садет Мохаммади.
За време на оваа средба Димов го информира својот домаќин во врска со активностите и плановите кои ги прави ИРУ како најголема интернационална ромска организација.

На овој 10-ти Конгрес на ИРУ покрај што ќе покажеме единство исто така ќе преставува убава можност да се разгледа и донесе една предолг Резолуција која ќе го подигне рејтингот и респектот како меѓу Ромите така и меѓу не-Ромите, и ќе се продлабочи демократијата и легитимитетот на ИРУ. На Конгресот исто така меѓу другите точки ќе има и дискусии во врска за планови на имплементација на електронското интернет гласање кое треба да се имплементира на Конгресот на ИРУ кои се планира за 2020 година.
За нов претседател беше избран претставникот од Македонија, Зоран Димов. Негови заменици се делегатите Јасмина Ахметај од Словенија, Агуш Демировски од Швајцарија, Ајтен Беранта од Финска и Герард Линдер од Полска. За генерален секретар на IRU, како и благајник, изгласани се Рамуш Муарем од Македонија и Вели Хусеин од Хрватска. Како претседател на Парламентот на IRU избран е Стево Балог од Австрија, додека како потпретседатели на Парламентот се избрани Ангелица Маштакова од Италија и Стефан Кузицов од Шведска.



