- Детали
За прв пат во историјата на Ромскиот Традиционален Крис, на 13 Октомври 2017 година во Белград беше промовиран Кодексот на однесување на Крисот.
Ова значеше уште поцврста верба во работата на членовите на Ромскиот Традиционален Крис, кој ја земаа обврската за целосно и професионално извршување на својата задача како ромски крисари.
Кодексот беше промовиран и образложен пред присутните делегати во Сава Центар - Белград за време на Парламентарната средба на ИРУ на 13 .10.2017 година.
- Детали
Со промената на новиот состав на Претседателство на ИРУ на чие чело веќе година и пол е Зоран Димов, и учеството на Асамблеата на ЕРТФ во Стразбур, го потврди нсвојот статус на најстара и респектабилна светска ромска организација, на последниот ден од состанокот беше донесена одлука за формирање на Ексузитивниот Комитет на ЕРТФ , кој ќе биде како еден од важните столбови во Советот на Европа во Стразбур за решавање на ромските прашања , антициганизмот и емиграцијата.
Со ова директно ЕРТФ и сите нејзини придружни организации и даде до значај дека ИРУ работи отворено, транспарентно и црвсто во решавање на сите горливи прашања со кои се поврзани Ромската популација.
Меѓу другото во овој Комитет покрај Претседателот на ЕРТФ Миранда Вуолсантра, и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, се и меѓу другите Ашмет Елезовски од НРЦ, Ларс Деметри пратеникот од редовите на ПЦЕР Самка Ибраимовски, Рутко Кавчински и други.
- Детали
Како дел од активностите на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ, во врска со средбите и одржување на состанок на членовите, делегатите и Кабинетот на ИРУ во периодот кој доаѓа каде ќе се дискутира за витални планови и програми во периодот кој престои, Зоран Димов како претседател на ИРУ ќе има работна посета со дел од ИРУ членовите од Србија.
Состанокто ќе се одржи во Белград, каде ќе се координираат сите потребни активности во врска со состаноците кои престојат.
Истовремено овие денови покрај Србија, Димов има закажано состаноци и средби со останатите членови на ИРУ како што се Унгарија и Словачка.
Тие средби ќе се одржат во периодот од 8 до 10 јуни годинава.
- Детали
Денес се одржа ИРУ Видео конференција на која присуствуваа повеќето од делегатите од целиот свет.
Делегати присуствуваа од Америка, Шведска, Индија, Франција, Словачка, Чешка, Унгарија, Аустрија, Англија, Србија, Македонија, Финска, Босна и Херцеговина, Полска, Швајцарија и Романија.
- Детали
Во рамките за соработка и понатамошни активности Претседателот на ИРУ Зоран Димов и Претседателот на Ромскиот Совет од Америка, Калифорнија- "Gypsy Council of America - California", Анатолиј Бутаков го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу овие две ромски организации.
Меѓу другото во меморандумот е назначено дека и двете страни се за зацврстување на соработката кој е поврзан со Ромските прашања.
Тоа се прави се со цел за подигање на нивото од социо-економските исто така и културните и јазичните состојби и со идентитетот на Ромите, о уште посилно единство помеѓу овие две организации.
И ИРУ и АРС веруваат дека силата и успесите доаѓаат преку соработка помеѓу различни партнери каде што секој партнер придонесува со неговата експертиза.