Поповод Бајрам Рамазан претседателот на Интернационалната Ромска Унија ИРУ -Зоран Димов, во свое име, и во име на сите делегати и членови на ИРУ испрати честитка до сите свои членови на ИРУ кои се од муслиманска вероисповед и воедно на сите муслимани во светот.

Во неа се вели: „На верниците од исламската вероисповед им посакувам овој празник да го прослават во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом. 

Одобрен е специјалниот консултативен статус во ОН, Интернационалната Ромска Унија може да биде запрашана да подготви извештај за прекршоци на човековите права, според еден постар офицер во Њујорк. 

Во неговото писмо (8ми Јуни), го прифаќа ИРУ во НВО Секцијата на ЕКОСОЦ (Социјален и Економски Совет), шефот на дејствувањето г-дин Марк-Андре Дорел, рече дека спроведувањето на таква истрага сега лежи во рамките на одговорностите на организацијата, ако се побара такво нешто.

Дефинитивно и тоа се случи. Најстарата и најголема светска ромска организација -Интернационална Ромска Унија - ИРУ е дел од Обединтетите нации. Официјално тој статус на ИРУ го потврди и самата канцеларија на ОН, кое во писмена форма го информира претседателството на ИРУ, дека им е доделен ЕКОСОС статус на придружен член во ОН. Од страна на Економскиот и социјален совет (ЕКОСОЦ) на својот состанок за координација и управување од април 2018 година го усвои препорака на Комитетот и додели специјален консултативен статус. Одлуката е донесена според Резолуција 1996/31 на ЕКОСОК. 

Како што беше најавено во Пула Хрватска од 25-27 мај се одржа 4-та Парламенатрна сесија на ИРУ, во присуство на над 37 делегати од 22 држави и воедно како гости свое учество земаа и  високи функционери од хрватските државни институции како и од ромскиот НВО сектор во Хрватска.

Настанот се одржа во хотелот „Бриони„. За време на настанот покрај другите дискусии, како што се превземанње на акции за подобрување на ситуацијата со Ромската нација насекаде во светот, како и позитивните примери кои ги имплементираат некој држави кога се во прашање ромските проблеми, покрај добрите примери од Данска, Норвешка, Австралија, Шведска или Финска, беа презентирани и недоследностите и проблемите со Ромите од другите држави со потенцирање на Ромите од Западен Балкан.

Интернационалната Ромска Унија -ИРУ во својот Статут предбидува и еднаквост меѓу религиите. Во тој контекст на последната парламентарна средба на ИРУ во Пула, Хрватска, сите присутни делегати на ИРУ донесоа една значајна одлука.

Таа се состоји во формирање на ИРУ Комисија за религија и односи.

Во тој контекст сите делегати на ИРУ беа сложни дека таа Комисија ќе има задача да ги сплоти сите луѓе без разлика на нивната религијска  припадност.

Токму затоа беше назначен и нејзин шеф, како и заменик шеф на Комисијата за религија и односи. Као шеф донесена е одлука да се назначи Ларс Деметер од Шведска кој воедно е и член во ЕГАМ - организација на католички и христијански пастори.