- Детали
Изборот на Александер Ван дер Белен за Претседател на Австрија се покажа добро за тие кои бараат поголема толеранција кон мигранти. Неговата победа беше добредојден со олеснително чуство од ЕУ лидерите низ Европа.
Ван дер Беллен, екс Претседател на Зелената Партија, ја даде својата подршка за грас-рутс проектите кои им помагаат на бегалците и емигрантите, вклучувајќи ги и Ромите. Овој либерален поглед беше пофален од ИРУ.
- Детали
Делегација на ИРУ предводена од претседателот на ИРУ Зоран Димов, од вчера е на работен состанок со преставниците на повеќе канцеларии во ЕУ и ЕК во Брисел, а кои се занимаваат со Ромските политички прашања.
Во текот на овие 3 дена состаноци покрај Зоран Димов, делегацијата на ИРУ ја сочинуваат и шефот на сите комисии на ИРУ Росита Гронфорс, шефот на комисијата за образование и јазик Ајтен Берафла, Претседателот на ИРУ Парламентот Стево Радул Балог, Шефот на Комисијата за финансии Кхурам Кхан, како и ИРУ делегати и ИРУ логистиката од Брисел Имер Кајтази и Сафет Хајвази.
- Детали
На 27 октомври годинава во Брисел се одржа финалната конференција прганизирана од страна на ЕК . На оваа конференција свое учество во име на ИРУ зема и делегатот од Белгија Имер Кајтази кој воедно е претседател на НВО „Романо Џивдипа„ Романо Културно Центро. Покрај него според неговиот извештај свое учество земаа и високи членови од ЕК, НВО сектор, волонтери, локални и национални институции кои работат на проектот финансиран од Европската Комисија.
- Детали
На 18 октомври во една локална кафе пицерија во чешкиот град Жатец беше брутално претепан и убиен 27 годишен Ром од градот Жатец. Според досегашните информации има многу пропусти во истражителните постапки поповод овој случај. Затоа ИРУ и претседателот Зоран Димов испратија писмо -реакција до Амбасадата на Чешката Република во Скопје.
- Детали
На стартот од неделава во Братислава, Словачка се одржа Конференција посветена за активната улога на Младинскиот Ромски капацитет во рамки на делување во ЕУ и надвор од неа.
Меѓу големиот број партиципиенти на оваа конференција свое учество имаше и Интернационалната Ромска Унија - ИРУ со свои преставници. Исто така присутен беше и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, каде покрај учеството имаше и средби, разговори за понатамошна соработка како и размена на искуства.

На овој 10-ти Конгрес на ИРУ покрај што ќе покажеме единство исто така ќе преставува убава можност да се разгледа и донесе една предолг Резолуција која ќе го подигне рејтингот и респектот како меѓу Ромите така и меѓу не-Ромите, и ќе се продлабочи демократијата и легитимитетот на ИРУ. На Конгресот исто така меѓу другите точки ќе има и дискусии во врска за планови на имплементација на електронското интернет гласање кое треба да се имплементира на Конгресот на ИРУ кои се планира за 2020 година.
За нов претседател беше избран претставникот од Македонија, Зоран Димов. Негови заменици се делегатите Јасмина Ахметај од Словенија, Агуш Демировски од Швајцарија, Ајтен Беранта од Финска и Герард Линдер од Полска. За генерален секретар на IRU, како и благајник, изгласани се Рамуш Муарем од Македонија и Вели Хусеин од Хрватска. Како претседател на Парламентот на IRU избран е Стево Балог од Австрија, додека како потпретседатели на Парламентот се избрани Ангелица Маштакова од Италија и Стефан Кузицов од Шведска.



