Од страна на ТРС на овој процес требаше да се појават Зоран Димов -Македонија, Дорин Чоаба - Романија,Нортмунд Рудевич - Латвија, Јован Дамјановиќ - Србија,Бајрам Халити - Србија, Јон Груја Бумбу - Романија,Василие Дрангои - Молдавија , Станислав Станкијевиќ - Полска , Драгољуб Ацковиќ - Србија, Михаи Ѓеорге Неделку - Романија, Даниела Ирина Хамидовиќ Магуреану - Германија, Александар Бариев - Руската Федерација и Џими Стојка - САД. И покрај комуникацијата со сите лица и непосредна координација преку телефон и е маил, на процесот едниствено беше присутне Зоран Димов.
Сите други преостанати не присуствуваа на овој процес. Според зборовите на шефот на ТРС Грегор Јулсон, некои од нив своето неприсуство го оправдаа како неможност поради патувања и обврски, а некои од повиканите дури поставија ултиматум, да се извадат нивните имиња од повиканата листа (Даниела Ирина Хамидовиќ Магуреану - Германија ), која дури испрати и закани преку својот ФБ профил до г-динот Стиво Радул Балог, а воедно исто така не ги признава ниту остнатите членови Традиционалниот Ромски Суд според нејзе како нерелевантен суд.
Во секој случај Зоран Димов за време на процесот го кажа она што имаше да го каже пред Судот. Сега преостанува Традиционалниот Ромски Суд да ги разгледа приложените докази и документи и да ја продолжи постапката се до донесување на конечна одлука.
На следниот линк можете да ја погледнете целата содржина од одржување на овој Процес, кој беше директно прикажуван и на линкот на веб страницата на Интернационалната Ромска Унија.