Според ова ОН го информира ИРУ дека ќе може активно да се вклучи во ОН и во  ЕКОСОК и неговите помошни тела, како и со Секретаријатот на Обединетите нации, програми, фондови и агенции на повеќе начини. Истовремено во документот од УН до ИРУ меѓудругото и недвосмислено стои : 

„ Вашиот статус сега ви дава право да назначите официјални претставници во седишатето на ОН во Њујорк и канцелариите на Обединетите нации во Женева и Виена. 

Вашите претставници ќе можат да се пријават и да учествуваат настани, конференции и активности на Обединетите нации, и организации во општ и посебен консултативен статус може да назначи овластени претставници да седат како набљудувачи на јавни состаноци на ЕКОСОК и неговите помошни тела, Генералното собрание, Советот за човекови права и другите Обединетите нации меѓувладини тела за донесување одлуки.„

 

Според ова се покажа дека овој ИРУ чиј претседател е Зоран Димов,го затвори поглавјето околу тоа кој е вистинскиот ИРУ и чиј легимититет е валиден.

Со ова е ставена точка на оваа тема, ако се знае дека Зоран Димов и неговот членство на ИРУ се признати и од страна на ЕУ о нејзините институции и имја свој офис во Брисел, Истовремено ИРУ е и во Советот на Европа , во фондацијата на ЕВЗ, и многу други интернационални институции. Со членството во ОН сето ова преставува огромен успех не само за ИРУ како организација, туку успех и за целата Ромска нација низ светот. Истовремено е дефиниран и кредибилитетот на овој ИРУ, во донос на сите сотанати „квази претседатели и делегати на некои други „фантомски ИРУ„ каде во нејзино име се преставуваат како нејзини разни „ претседатели, функционери или членови ) кои го злоупотребуваат името на ИРУ.

 

Воопшто ако се знае статусот на Ромите во светски рамки, а уште повеќе околу фамата и недоразбирањата помеѓу ИРУ за која организација е вистинската ИРУ, ова преставува факт дека највалидна и единствено официјална ИРУ е онаа чиј претседател е Зоран Димов, и ИРУ кое го раководи токму г-динот Димов.