Верувајќи во подобра иднина , а воедно со акцент на активностите на ИРУ на интернационален план, се потенцираше и можноста на ИРУ која од период во период прерасна во една релевантна и пред се одговорна организација кога се во прашање -Ромите од целиот свет. Тој факт го потврдија и од Обединтетите нации кои ИРУ ја регистрираа како своја рамноправна членка - организација и воедно и доделија ЕКОСОС број. Инаку ИРУ ќе работи и соработува со ОН на сите нивоа. Поради таа потреба на овој Парламентарен состанок донесена одлука да се отборат свои офиси каде има и ОН свои седишта.
За тие потреби се отвараат 3 офиса на ИРУ за соработка со ОН.Тие се во Њујорк, Женева и Виена. Сите тие тимови се замислени да бројат по 7 члена од кои 5 машки и 2 жени Ромки.
Составот на ИРУ - УН офисот во Њујорк е:
Анатолиј Бутаков, Зоран Димов, Кхурам Кхан,, Бари Фишер, Ајтен Берафла , Џозеф Џонс и дополнително ќе се назначи член на ИРУ од Латинска Америка (кој ќе биде преставник - жена Ромка)
Составот на ИРУ - УН офисот во Женева е: Агуш Демировски, Зоран Димов, Кхурам Кхан, Торе -Јарл Биеленберг,Даут Гиланџи, , Рамуш Муарем и дополнително уште еден ИРУ член - жена Ромка
Составот на ИРУ - УН офисот во Виена е:Стиво Радул Балог, Зоран Димов, Кхурам Кхан, Розита Гронфорс, Мите Хасим, Вели Хусеин и еден член на ИРУ - жена Ромка.