Една од тие подржани акции каде јасно и недвосмислено ја покажа француската влада преку Амабасадорот Кристиан Тимониер е и последниот Парламентарен собир на ИРУ кој се случи на 28 и 29 јуни оваа година во Скопје, кога беше презентирана иницијативата за подоцна да биде донесена и одлука во форма на Резолуција за основање на Независно тело - Ромски Омбдусман во меѓународен оквир.
На тој собир Н.Е. Кристиан Тимониер пред сите членови и делегати на ИРУ и присутните гости истакна дека неговата Влада ка подржува оваа иницијатива која подоцна беше донесена во форма на Резолуција, како и подготвеност за нејзино целосно функционирање, чије седиште ќе биде во Стразбур и Женева.
Воедно и во новоформираното тело покрај другите како нејзин член е и Н.Е. Кристиан Тимониер.
По повод тој настан Претседателот на ИРУ Зоран Димов за време на вчерашната средба му додели Плакета -Благодарница во име на ИРУ, каде исто така од стана на амбасадорот Тимониер беше кажано дека ќа ја продолжи заложбата за заедничка и продлабочена соработка и во периодот кој доаѓа, со акцент дека новоформираното Независно тело -Ромски Омбдусман ќе придонесе многу повеќе во полето од почитување на фундаменталните човекови права, во борба против дискриминацијата како и елиминација на нетолеранцијата и кршење на правата на Ромската нација насекаде низ светот.