На 1 Ноември 2022 година во официјална работна посета во офисот на Амбасадата на Шпанија во Р.С.Македонија од страна на Н.Е Хосе Луис Лозано Гарсија беше примен претседателот на Интернационалната Ромска Унија ИРУ, Зоран Димов.

.

За време на нивната средба Претседателот на ИРУ го запозна амбасадорот Гарсија за активностите кои ги спроведува ИРУ и неговот членство. Амбасадорот покажа интерес и воедно покажа подготвеност на соработка со ИРУ на повеќе полиња.

Претседателот Димов го запозна со активноста на ИРУ у реализација на Ромскиот Инвестициски Фондза кој амбасадорот Гарсија напомена дека е многу интересен проект и иницијатива како и дека ќе направи напори преку Владата на Шпанија и ромски и неромски бизнисмени да се вклучат во креирање на РИФ.

Воедно на национално ниво Димов го престави и проектот кој веќе функционира во Р.С.Македонија преку РБИЦМ а тоа е „Педагошки помошници„ за деца Роми од основното училиште.

Истовремено разговараа и за полето од културата и уметноста и поврзување на културни и филмски активности меѓу Ромите од Македонија и Ромите од Шпанија но и другите народи кои живеат во овие две држави.

На крајот од нивната средба беше кажано дека сега ќе се ангажираат и двете страни сите овие идеи и насоки чекор по чекор да се реализираат, и најавија скорешна и повторна средба.

Во рамките на 15-та Европска платформа за вклучување на Ромите, која се одржа во Прага, Чешка на 25 и 26 октомври, каде учествуваше и претседателот на ИРУ Зоран Димов, за време на одржување на овој настан се случи и една кратка средба помеѓу Димов и Еврокомесарката за еднаковост Хелена Дали.

Инаку претходно за време на посетата во Брисел претседсателот на ИРУ Димов имаше средба со Кабинетот на Хелена Дали каде им беа доставени документи за планирани активности од страна на ИРУ.

Инаку за време на нивната средба во Прага претседателот Димов и еврокомесарот Дали ги потврдија заложбите  каде акцентот беше ставен на профункционирање на Ромскиот Инвестициски Фонд – РИФ.

Еврокомесарката Дали беше претходно  запознаета за Ромскиот Инвестициски Фонд  и се заложи за негова реализација и активирање.

Како заклучок на сето ова од двете страни најавија повторна средба и разговор веќе во месец декември годинава во Брисел во кабинетот на еврокомесарот Дали во поширок состав, се со цел проширување на оваа стратешка рамка за Ромите во која како еден од важните елементи е и реализација на Ромскиот Инвестициски Фонд

 

Во Женева на 28 и 29 Ноември во Палатата на Нациите на ОН се одржа Форум за малцински прашања „ Образование, јазик и човекови права на малцинствата„

Во својот краток осврт пред присутните престедателот на ИРУ Зоран Димов рече: „ Улогата на јазикот во образованието е дел на една нација и тој елемент го изразува идентитетот, културата, историјата како и опстанокот,Всушност јазикот на еден народ е темел на неговиот идентитет„

Nane pobuter dilema. I Internacionalno Romani unia IRU trujal o ЕСОЅОС statuso ko UN akana pire ofisoa ko pervazia taro Unime Nacie . O Ofiso taro UN si ki Ženeva – Švajcaria.

Akava si panda jekh fakti kaj o IRU si jekh seriozno em aktivno internacionalno romani organizacia ki Lumia.

Odova dikhle em o avgo manuša taro Unime Nacie kaj o IRU kerel bari buti em si respektabilno internacionalno romani organizacia so si la piri mangin, vizia, plano startegiasar te kerel buti.

Ko odova konteksti ka kerel em o ofiso taro Romano Ombdusamno. I korkoro rezolucia e Romane Ombdiusamnoske si andi ki Parlamenti taro IRU ko juni 2019 berš ko Skopje kana sine suportime taro buteder internacionalno organizacie em institucie.

Akava si panda jekh fakti kaj ko čekat e presidentoa Zoran Dimov o IRU sikavgja kaj kerel buti ko interes e Romane naciake ki sasti lumia.

Во склоп на одржаната Конференција на ОБСЕ во Варшава на 26 септември насловена како Конферанција за спроведување на човечката димензија меѓу поканетите гости беше и Претседателот на ИРУ Зоран Димов.

Во тој склоп се одржаа и две Работни сесии како 16 и 17.

Првата 16 работна сесија беше насловена како „Учеството на Ромите и Синтите во јавниот и политичкиот живот„