Во рамките на 15-та Европска платформа за вклучување на Ромите, која се одржа во Прага, Чешка на 25 и 26 октомври, каде учествуваше и претседателот на ИРУ Зоран Димов, за време на одржување на овој настан се случи и една кратка средба помеѓу Димов и Еврокомесарката за еднаковост Хелена Дали.
Инаку претходно за време на посетата во Брисел претседсателот на ИРУ Димов имаше средба со Кабинетот на Хелена Дали каде им беа доставени документи за планирани активности од страна на ИРУ.
Инаку за време на нивната средба во Прага претседателот Димов и еврокомесарот Дали ги потврдија заложбите каде акцентот беше ставен на профункционирање на Ромскиот Инвестициски Фонд – РИФ.
Еврокомесарката Дали беше претходно запознаета за Ромскиот Инвестициски Фонд и се заложи за негова реализација и активирање.
Како заклучок на сето ова од двете страни најавија повторна средба и разговор веќе во месец декември годинава во Брисел во кабинетот на еврокомесарот Дали во поширок состав, се со цел проширување на оваа стратешка рамка за Ромите во која како еден од важните елементи е и реализација на Ромскиот Инвестициски Фонд