Почитувана Ваша Екселенцио
Интернационалната Ромска Унија - ИРУ, како најголема и сериозна интернационална организација, која е составена од 70 делегати од 40 држави ширум светот, која работи и се бори за правата на Ромите на сите меридијани, со свои преставници(делегати) и пропратни членови во сите релевантни поголеми интернационални европски и светски институции, преставува валидно тело и офис, кои го има правото на рекација, во моменти на несоодветни третмани, одлуки, настани кои се директно засегнати и Ромската популација.
ИРУ активностите и кампањата не стивнува. Стратегијата на ИРУ за активна и пред се плодна работа продолжи и во Брисел во офисот на Европската Комисија. Делегацијата на ИРУ предводена од Претседателот на ИРУ Зоран Димов, придружуван од Претседателот на Парламентот на ИРУ Стево Балог и потпреседателот на ИРУ Агуш Демировски, имаа средба со кабинетот од офисот за недискриминација и Ромските координатори Лина Папамичалопоуло и Јана Балажова.
Во рамките на своите активности и делувања, Претседателот на ИРУ Зоран Димов, придружуван од Претседателот на Парламентот на ИРУ Стево Балог и потпреседателот на ИРУ Агуш Демировски, имаа средба со високи преставници на кабинетот на Претседателот Доналд Туск. Во текот на средбата со преставниците на кабинетот Др Сузана Михајлчова Шутиакова , Фабиене Гејзен, и Филип Ландон, претседателството на ИРУ, ги запознаат со текот и начионот на функционирање на Интернационалната Ромска Унија, и стратегијата на работата.
Претседателството на ИРУ, не запира со своите активности и средби во Брисел. По средбата со преставници на Советот на Европа и Европската Комисија, Претседателот на ИРУ Зоран димов во придружба на Стево Балог Претседателот на ИРУ Парламентот, и Агуш Демировски, Потпреседател на ИРУ, синоќа по покана од Ромската Организација „Романо Џивдипа„ од Брисел , имаше средба со членовите на оваа организација.
Денеска во Берлин - СР Германија имаше официјална средба и работен состанок помеѓу Претседателот на ИРУ, Зоран Димов, Претседателот на ИРУ Парламентот Стиво Балог, со специјалниот амбасадор и член за односи со еврејските организации др Феликс Клајн.