За редовниот 12-ти Конгрес на ИРУ, се е подготвено. Вчера и денес преку меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа делегатите и гостите на ИРУ кои ќе бидат дел од овој Конгрес. Се очекува бројот на присутни членови на ИРУ и гости да бидат околу 100 од над 55 држави од целиот свет. Главните активности поврзани со Конгресот ќе бидат на 4 и 5 Април со организирање на повеќе Панел дискусии и учество на голем број панелисти. Исто така на Конгресот последниот ден ќе биде и изборот на новото раководство на ИРУ како што е Претседател и други функции во ИРУ.
Значаен број на високи европски и други функционери ќе бидат дел од Конгресот на ИРУ, додека дел ќе бидат вклучени преку ЗООМ или со веќе испратени свои видео пораки до сите присутни гости. Дел од гостите ќе бидат и наши национални функционери, како и дел од дипломатскиот кор во нашата држава.
Во рамките на 12 Конгрес на ИРУ ќе биде организирана и културна програма и воедно на 4 април во МКЦ ќе биде и свеченото затворање на 22-от Филмски фестивал „Златно Тркало 2024„ и прогласување на најдобрите филмови.