Тоа вроди со плод откако о Канцеларита на Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани и потпреседателот Ливија Јарока стигна покана до Претседателот на ИРУ Зоран Димов, за негово учество на следниот состанок на ЕП кој ќе се одржи на 30 Јануари во Брисел, каде исто така ќе има и свечена церемонија за одбележување на Меѓународниот ден на Холокаустот. Истата покана се подготвува и од странана ОН, каде ИРУ има свој ЕЅОСОС статус, и за време на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите -8-ми Април, да ја презентира и Стратешката резолуција и разработениот програм „Локален акт -глобален импакт„.

 

Инаку Стратешката резолуција на ИРУ во кратки црти го содржи следното: 

Ние како претставници на Ромите се залагаме да го заштитиме ромското население и нашите идни генерации од сите негативни појави во минатото, во сегашноста и во иднина, во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилство, геноцид , антиромско расположение и истовремено длабоко веруваме во почитување на човековите фундаментални права, еднаквоста меѓу сите родови, создавање на поволна клима за почитување на правата, почитување на основните демократски принципи на слобода и животниот стандард, како и елиминирање на сите неправилности, во соработка со меѓународните институции кои се обврзани за тоа.

Јас како претседател на Меѓународната унија на Ромите верувам дека не можеме да размислиме за иднината без да се вратиме во нашата историја и да ги признаеме нејзините вредности заедно со земјите каде што живеат Ромите и им помагаат со социо-економската политика и култура на Ромите.

 

Инаку во „Локал Акт -Глобал импакт„ има содржани важни точки  како што се. Правниот, социоекономскиот, образовниот и културниот статус на Ромите во Европа за поголемо вклучување.

 

Правна цел: Подобрување на пристапот на ромските индивидуи на правна, социолошка и психолошка помош за подобрување на инклузијата во системот;

Социо -економска цел: Зголемување на стапката на вработеност на Ромите и поттикнување на вклучување на ромски претпријатија во сопственост и работење во системот;

Образовна цел: Заштита на ромскиот јазик, намалување на стапката на неписменост на Ромите и овозможување на образованието за возрасни за да се поттикне вработувањето;

Културна цел: Промовирање и заштита на ромската култура, традиција и обичаи како средство за одржување на ромскиот идентитет, овозможување на иден просперитет и искоренување на постојните стереотипи и предрасуди за постигнување на поголемо вклучување.