Ларс Деметар информираше дека на таа конференција учество земаа над 350 преставници од целиот свет. Темите на разговор беа од различни тематски содржини.
Она што е важно како што напомена Ларс Деметар , тој во името на ИРУ имаше средба со Понтификалниот совет, кој е посебно тело - оддел на папата, кои работи со ваков вид на прашање, како што се Ромите и според зборовите од Понтификалниот Совет наскоро ќе се иницира и средба помеѓу ИРУ делегацијата и Папата.
Истовремено ќе се работи на унапредување на односите и потесна соработка помеѓу ИРУ и Ватикан, се вели во извештајот од преставникот на ИРУ Ларс Деметер за време на одржување на неодамнешната Конференција во Рим -Ватикан на тема : „ Расизмот и ксенофобијата„