Според досегашната спроведена истрага од страна на италијанските власти инфорамциите велат дека станува збор за намерно подметнат пожар од страна на едно или повеќе лица, но се работи и на тоа кои се вистинските мотиви за овој немил настан. Истовремено Амбасадото даде информација дека за овој грозоморен чин своја осуда даде и Претседателот на Италија г-динот Sergio Matarela, и Папата Франциско, кој воедно веднаш се понуди и да им помогне на самото семејство од настраданите во овој пожар.

Според зборовите на Амбасадорот Ромео , тој вети дека сите информации и соопштениа кои ќе пристигнат во меѓувреме до него од страна на италијанските власти за предистражната и истражната постапка, благовремено ќе го информира г-динот Димов.

 

Истовремено и двете страни изразија подготвеност за понатамошна плодна соработка и взаемно почитување.