Сето ова води кон отворена и расна нетрпеливост кон Ромската популација во Бугарија. Некој сака од обична криминална пресметка меѓу две групи да ја претвори во општа глобална слика за Ромите во Бугарија. Тоа го покажува и актот дека граѓаните на Бугарија воопшто не се наклонети кон своите сограѓани кои се од ромска националност.
Потребна и брз и ефикасна реакција како од државата, но истовремено и акциа од страна на НВО Ромскиот сектор од оваа држава, како и ромскиот политички субјект, кој за жал многу поголема активност покажуваат кога имаат проекти од европски фондови за подобрување на статусот на Ромите, а во вакви моменти некако се многу пасивни и неактивни. Исто така се упатува апел и до бугарските медиуми, кои овие состојби не ги третираат адекватно и реално, туку придонесуваат на отворена логистика за националистичките партнери кои се дел од власта.
Отворенит повици на линч се сами по себе порака која загрижува. Ова „колективно лудило„ потребно е да престане, и исто така и ЕУ и институциите да превземат сериозни акции, се додека оваа состојба не прераснала во масовен судир од двете страни.
ИРУ во рамките на своите активности и борба против антициганизмот, ќе реагира институционално до сите интернационални фактори, во врска со последните случувања во Раднево, и воедно ќе реагира отворено и до бугарската власт, која со своите постапки ни малку не придонесува за смирување на овие тензии, туку напротив се има впечаток, како да сака да „собере повеќе политички поени „ со својата анти ромска политика, која е се позачестена токму во периоди на некој свои предизборни кампањи. Ваков вид на политичка агитација повеќето ја прокламира токму колаициониот партнер на премиерот Борисов а кој е повеќе за прокламирање на национал десничарска политика и расна нетрпеливост. Таков вид на кампањи се меч со две сечила.