Во продолжение Претседателот на ИРУ Зоран Димов и ИРУ Консултантот Драгана Целева извршија презентација на начинот на функционирање на ИРУ во иднина.
Потоа во рамките на ИРУ Бизнис Форумот имаше посета на Винаријата Тиквеш- Кавадарци, каде се разменија повеќе бизнис идеи, и соработка за промоција на Ромска Ракија и Ромско вино.
На последниот ден во рамките на Парламентарната сесија на ИРУ во Скопје, на програмата меѓудругото имаше теми и точки на кој се донесени битни одлуки.
Се дебатираше, јавно , демокртаски и конструктивно, на сите точки од дневниот ред.
На стартот од денешната последна сесија, најпрвин преку Скајп беше вклучен Претседателот на Комисијата за Демократска Транзиција, г-динот Гратан Пуксон, кој го престави проектот пред делгеатите, и го презентираше планот.
Воедно во периодот кој доаѓа ќе се направат модалитети за ефикасно функционирање на електронското гласање.
Воедно се направи и договор за координација за одбележување на 2-ри Август денот за меморија на Холокаустот, во Аушвиц, Лети, Треблинка, Јасеновац, Лондон, Берлин и др центри и присуство на ИРУ делегати на тие настани.
Покрај другото се прејде за преименување и профункционирање на Комисиите на ИРУ кои се вкупно 10 комисии, со шефови и нивни заменици.
Предложените кандидати, во периодот кој следува ќе се разгледаат и воедно ќе се донесе одлука за нивно наименување.
На чело на Комисијата ќе има шеф и двајца негови заменици, а посебни Комисии ќе има за Економија и социјала, Финасии и Буџет, Чиовекови права и еднаквост, Холокауст, Култура и традиција , Образование, Јазик и наука, Правда, Комуникации и медиуми, за Млади и Интервентна – мобилна Комисија.
Именувани беа и членови на некои комисии за врски и односи со диаспората.
Заклучокот е донесен, за поактивен ангажамн, и воедно Крисот на ИРУ да ги разгледат сите документирани и релевантни факти во врска за спроведување на постака против Нортмунд Рудович и Дорин Чоаба.