Рома Тајмс: „Како ја оценувате оваа 2022 година кога се во прашање Синтите и ромската заедница во рамките на Европа и пошироко?

 

- „На сите мои состаноци и дискусии со истакнатите европски институцијални фактори,за состојбата со Ромите од Украина и другите кризни региони  освен ветувања не добивавме никакви конкретни мерки. И од таму мојот заклучок дека продолжува „модерниот геноцид врз Ромите„

 

Зоран Димов: „Можам да кажам дека и оваа 2022 година е уште една изгубена година кога се во прашање  решавање на ромските проблеми. Поаѓајќи од фактот каков третман имаа Ромите за време на Ковид пандемијата каде на виделина излегоа сите недоследности во спроведување на кризните мерки и протоколи за заштита на населението, како и спроведување на здравствените протоколи, Ромската заедница и ромските населби го немаа истиот третман при спроведување на тие протоколи од сите аспекти. Тие аспекти подразбираат: Здравствени третмани, тестирања, вакцинации, доделување на заштитно хигиенски средства, и др. Тие се спроведуваа до некаде и тоа пред се благодарение на активностите на некои ромски НВО и ромски активисти. 

Сега и во оваа 2022 година сведооци сме на уште една тешка година. Пред се се мисли од економски аспект, а плус згора на тоа и конфликтот во Украина кои исто така остави голема трага и кај Ромската заедница. Сведоци бевме во општата криза со бегалци од Украимна, секојдневно бев „бомбардиран„ со информации за нееднаков третман и на Ромите бегалци од Украина, на самите гранични премини, во обид да ја напуштат Украина , и истовремено не еднаквиот третман кон Ромската заедница од Украина, во тие прифатни центри за бегалците од Украина. Во тоа се уверив и лично затоа што како Преседател на една ромска интернационална организација како што е ИРУ имав задача со тие состојби да се уверам и лично. На моите патувања до тие држави кои нудеа сместувачки  центри за бегалците од Украина во Чешка, Полска, Словачка, Унгарија и други држави ја видов исто така таа состојба. Грижата за Ромите како од Украина, така и од тие соседни региони како што се Ромите од Русија, Молдавија, Белорусија и балтичките земји се сооќуваа со хуманитарна катастрофа. Во сите тие мои патувања и посети можам да го поврзам и со учествоо на голем број на состаноци и конференции со истакнати европски лидери, пред се мислам на моите заложби и сугерирања искажани на состаноците во Европскиот Парламент, Европската Комисија, Советот на Европа, на состаноците со ОБСЕ и други  релевантни мешународни институции. Тука ги истакнував моите сознанија за состојбата со Ромите од тие региони, и воедно моите предлози на кој начин потребно е да се помогне на Ромската заедница за да се аморитиѕира оваа економска криза. На сите тие состаноци и дијалози , освен ветувања не добивавме никакви конкретни мерки. И одттаму мојот заклучок дека продолжува „модерниот геноцид врз Ромите„

 

Рома Тајмс: „Според Вашите сознанија каква е состојбата со Ромите од регионот во Западен Балкан?

 

- „Над Балканот сеуште мириса барутот од конфликтите од 1990 година, а сега со најновите тензии во Косово, тој барут како повторно да се разгорува„

 

Зоран Димов: „Мојот заклучок е дека и состојбата на Ромите од овој регион не е „розова„. Факт е дека и јас припаѓам од овој регион и затоа ја познавам многу добро таа состојба. Економската и енергетската криза е еден од главните чинители исто така на нееднаков третман кој се соочува ромската заедница. Секојдневната инфлација создава уште поголеми економски и социјални бариери кој многу лошо влиаат на животниот стандард како врз сите нации, а особено врз најранливите меѓу кои спаѓаат и Ромите.

Згора на се, над Балканот сеуште мириса барутот од конфликтите од 1990 година, а сега со најновите тензии во Косово, тој барут како повторно да се разгорува. Добро ни е познат епилогот од конфликтот во Косово од 90-тите години кога најголем број на Ромски семејства беа принудине да ги напуштат своите родни огништа и да заминат надвор најмалку по своја вина. Затоа и сум загрижен о најновите случувања на Косово, да не се повторат истите сценарија и повторно Ромите (и тие што останаа малку) да бидат „колатерална штета„ и да се иселат трајно. А познавајќи ги тие состојби не верувам дека во тој „косовски хаос„ некој од европските и странски фактори ќе се сети на Ромите за да ги заштитат.  Стравувам дека повторно ќе бидат оставени сами на себеси.„

 

Рома Тајмс: „Во ИРУ имате и потпреседатели на ИРУ од повеќе региони низ светот. Каква е состојбата на Ромите во тие региони?

 

- „Во Бразил има забележително „исклучување „ и ограничен пристап на Ромската заедница, нарочито на децата во здравствените протоколи и вакцинација . Исто така има и и забелешки на „посебен третман„ на бразилската полиција кон Ромската заедница, во многу голем број на случаи.„

 

Зоран Димов: „Во самата организациска  поставеност во ИРУ една од клучните улоги ја имаат и Потпреседателите на ИРУ кои се поставени според моделот на регион – континент. Така имаме потпреседатели од делот на Северна и Јужна Америка, Африка, Азија, Индискиот потконтинент, Австралија, како и регионите од европското тло како што се Скандинавиа, Руската федерација и Балтичките земји.

Од нашите координативни активности исто така доаѓаме до заклучок дека и состојбите со Ромите и Синтите од тие различни делови низ светотне е ништо поразлична од добропознатиот однос на тие општества кон Ромската и Синти заедница. Примерот е според извештаите на нашата потпреседателка од Јужна Америка, Елиса Коста, и нејзините забелешки во однос на проблемите со кои се соочува ромската заедница во Бразил. Таму има забележително „исклучување „ и ограничен пристап на Ромската заедница, нарочито децата во здравственитре протоколи и вакцинација . Исто така има и и забелешки на „посебен третман„ на бразилската полиција кон Ромската заедница, во многу голем број на случаи.

Морам да го спомнам и сега последниот инцидент кои се случи месецов кога во Грција од страна на полицијата беше застрелан со смртни последици еден 16 годишен Ром од Солун. Ние како ИРУ реагиравме, и испративме писмо со реакција до Амбасадата на Грција во Скопје, со напомена дека целиот тој судски процес со полицискиот службеник потребно е да биде транспарентнен и правден. Се чека дефинитивната одлука од страна на судот, и доколку не е донесена според тамошните закони, тогаш ИРУ е подготвен да реагира и до Судот за Правда во Стразбур.

 

Рома Тајмс: „Вие како ИРУ на кој план ќе се фокусирате во оваа 2023 година„

 

- „Во оваа 2023 ИРУ ќе ја престави и ќе ја реализира иницијативата за формирање на Ромски Инвестициски Фонд – Асцелератор. Во таа насока подготовките се веќе при крај и веќе на стартот од 2023 година се очекува на отварање на таа канцеларија на РИФ.„

 

Зоран Димов: „ИРУ како сериозна светска ромска организација води сметка од сите сегменти на општественото живеење на нашата нација. Тоа подразбира и активности од полето на борба против дискриминација, сегрегација анти ромско расположение , почитување на човековите права и еднаквост, а воедно и во областа на еконоијата, социјалата, здравство, образование, култура, млади, здравство..

Во оваа 2023 ИРУ ќе ја престави и ќе ја реализира иницијативата за формирање на Ромски Инвестициски Фонд = Асцелератор, Во таа насока подготовките се веќе при крај и веќе на стартот од 2023 година се очекува на отварање на таа канцеларија на РИФ. Ова ќе придонесе многу во врска со економската моќ на Ромската заедница и активно вклучување во бизнис секторот. Веруваме во една успешна и долгогодишна понатамошна активност и на ова поле. Ги имаме сите предуслови и гаранции воедно и поддршка од повеќе европски и други меѓународни институции за негоова успешна реализација.

 

 

Рома Тајмс: „Да се враиме на овие простори. Вие сте и координатор на Мрежата за системски и трајни решениа на Ромскатазаедница во РСМ. Кои беа вашите активности во изминатиот период, и кои се предизвиците во 2023 година?

- „Морам да го искажам и моето делимично незадоволство во распределба на дел од средствата наменети за проекти, и од тој аспект морам да констатирам дека во еден дел сеуште го има оној Културен геноцид врз Ромите во нашата држава.„

 

Зоран Димов: „Јас како Координатор на Мрежата за ситемски и трајни решенија, заедно со сите наши останати членови кои се дел од Мрежата а се дел од Ромскиот невладин сектор во државата, во годината која изминува ја гледаме дека во неа можеше Ромската заедница да биде многу повеќе застапена во плановите и акциите кои ги спроведуваше државата . Пред се мислам на поголемо учество на Ромската заедница во повеќе сегменти. Ние во изминатиот период како Мрежа се потрудивме заедно со нашите членови како што се Самет Скендери, Шенај Османов и останатите да направиме напори за поголема видливост на Ромите во државата. Морам да споменам дека како Мрежа преку пратеничката Љатифа Шиковска поднесовме и две декларации. Исто така доставивме и барања за средби и координативни состаноци со повеќето министерства , но од тој аспект можеме да забележиме дека на некои начин бевме некако „заборавени„.

Да истакнам исто така покрај пратеничката Љатифа Шиковска, во дел од нашите активности благодарение на нивните ангажмани ни помагаа и Советникот во кабинетот на претседателот на Владата Елвис Мемети, а воедно и државниот секретар при министерството за правда, Мухамед Точи, кои вложуваа свој несебичен ангажман. Тоа подразбира организирање на настани како што е одбележување на значајни датуми за Ромите како што се 8-ми Април, 2-ри Август, 5-ти Ноември , но и активно учество со давање на предлози и сугестии во донесување и имплементација на разни иницијативи, акциони планови кои се спроведуваат од страна на Владата и министерствата. Морам да го искажам и моето делимично незадоволство во распределба на дел од средствата наменети за проекти, каде многу мал дел беа одвоени и за ромските здруженија и асоцијации на дел од повиците за тие проекти. Од тој аспект морам да констатирам дека во еден дел суште има оној Културен геноцид врз Ромите во нашата држава. Затоа испраќаме и порака воедно да се престане со таа практика и да се тргне кон подоброо. И на крај да им посакам во мое име и во името на Мрежата на сите граѓани без разлика на етничка и религиозна припадност среќни новогодишни и божиќни празници и посакувам една успешна и бериќетна 2023 година на сите