Во Преамбулата на Статутот на ИРУ се искажуваат заедничките цели и идеи на Ромската Нација чии преставници всушност ја преставуваат и затоа е формирана Интернационалната Ромска Унија - ИРУ. Ние како преставници на Ромскиот народ правиме напори да се заштити Ромската популација и идните генерации од сите неагативни појави со кои се соочуваа во минатото, во сегашноста и во иднината Ромскиот народ, во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилств, геноцид, а воедно длабоко сме уверени во почитување на човековите фундаментални права, еднаквост меѓу сите полови, создавање на поволна клима за почитување на правата почитување на основните демократски принципи на слобода, и животниот стандард, како и елиминација на сите неправилности, во соработка со интернационалните институции кои се задолжени за тоа. Мисијата воедно и како цел се следните заложби:

  • Да се прошират хоризонтите за зачувување на Ромската култура, традиција, обичаи и јазикот
  • Почитување на основните човекови права и слободи , и почитување на сите обврски кои доаѓаат со потпишување на сите договори од интернационален карактер
  • Да се одржи мирот и стабилноста во светот
  • Развивање на пријателски односи помеѓу народите врз основа на почит, и еднакви права помеѓу народите
  • Соработка за решавање на проблеми од економски, социјален, културен и хуман аспект во врска со Ромите
  • Да се зајакне поддршка за еднакви права, основи на слободата, без разлика на боја, раса, пол, јазик и религија