Покрај тоа како дел од активностите Зоран Димов заедно со Марсело Зуниси направија и посета на еден од ромските кампови во Италија -Рим, каде имаа средба и разговори со жителите -Роми на тие кампови.

Се запознаа со условите и ги слушнаа сите проблеми со кој се соочуваат Ромите од тие кампови.

Поголемиот дел од тие Роми ги запознаа дека сакаат да бидат вклучени во општестевните текови (домување, образование, здравство и вработување).

Тие ги запознаа исто и Ромите од тие кампови дека Владата на Италија има средства од структурните фондови на ЕУ, за да ги вложат во подобрување на условите на живеење на Ромите во тие кампови како што е почитување на националните и европските закони на комитетите за набудување (1303/2013) и постапки за вклучување.