Конгреси
8 и 9 Октомври 2004 во Ланчиано - Италија. Присуствуваа повеќе од 200 делегати од 39 држави, и како нов Претседател на ИРУ е избран Станислав Станкијевич од Полска, додкеа како нов претседател на ИРУ Парламентот е избран Драган Јевремовиќ од Австрија. Формирана е и Комисија за заштита на правата на семејствата, жената и децата.
Јули, 2000 година во Прага - Чешка. Емил Шчука е избран за претседател на ИРУ. Воедно од овој Конгрес произлезе и Декларација дека Ромите се вон територијална нација.
1990 години во Полска во Серок, со присуство на 250 делегати. Теми за дискусија беа , Исплата на оштета за Ромите како жртви во периодот на Национал социјализмот - Втората Светска Војна, потоа се дискутираше за образованието, култура и јазик. Воедно официјално 8 Април е прогласен за Интернационален ден на Ромите, во чест на датумот кога е одржан Првиот светски Конгрес во 1971 година.
Мај 1981 година во Готинген - Германија, присуство на 600 делеагти од 28 држави. Заклучок е дека Ромскиот народ е со Индиско потекло. Воедно глава тема беше Porajmos.