Се е подготвено за ИРУ Крис процесот против Дорин Чоаба од Романија. Процесот ќе го водат признати и истакнати Ромски крисари кои воделе слични вакви процеси во Русија, Украина, Романија, Словачка, Чешка, Австрија, Полска и Унгарија. На чело на ИРУ Крисот ќе биде Гергор Јулсон од Шведска. останатите крисари се Роми кој доаѓаат од горенаведените држави.

Процесот е потегнат врз база на прекршување на ИРУ Статутот и кодексот. Меѓу другото тука ќе има акти, за нелегална регистрација од страна на Дорин Чиаба, нерегуларно и приватно отворено конто на име ИРУ, проневера на финасиски средства како и фалсификување на документи.

Повеќе...

Да ве запознаам со Нин, системскиот архитект кој работи позади сцената со ИРУ до совршен компјутерски модел кој ќе се користи во Демократската Транзиција; во суштина платформа за Електронско Гласање за Ромското движење.

Системскиот архитект го дефинира и прочистува дизајнот, користејќи ги сите софтфери и хардвери кои се достапни, да создадат човечко функционални и аестетско задоволувачки продукти. Тоа е описот на работата.

После месеци посветеност, работејки скоро без поддршка, Нин сега ја заврши оваа задача до ниво каде е можно да се изгради податочна банка на Роми - Роми активисти - кои веруваат дека демократијата е круцијален елемент за создавањето на ефективно, политичко претставување во Европа и низ целиот свет. 

Повеќе...

Изборот на Александер Ван дер Белен за Претседател на Австрија се покажа добро за тие кои бараат поголема толеранција кон мигранти. Неговата победа беше добредојден со олеснително чуство од ЕУ лидерите низ Европа. 

Ван дер Беллен, екс Претседател на Зелената Партија, ја даде својата подршка за грас-рутс проектите кои им помагаат на бегалците и емигрантите, вклучувајќи ги и Ромите. Овој либерален поглед беше пофален од ИРУ.

Повеќе...

Делегација на ИРУ предводена од претседателот на ИРУ Зоран Димов, од вчера е на работен состанок со преставниците на повеќе канцеларии во ЕУ и ЕК во Брисел, а кои се занимаваат со Ромските политички прашања.

Во текот на овие 3 дена состаноци покрај Зоран Димов, делегацијата на ИРУ ја сочинуваат и шефот на сите комисии на ИРУ Росита Гронфорс, шефот на комисијата за образование и јазик Ајтен Берафла, Претседателот на ИРУ Парламентот Стево Радул Балог, Шефот на Комисијата за финансии Кхурам Кхан, како и ИРУ делегати и ИРУ логистиката од Брисел Имер Кајтази и Сафет Хајвази.

Повеќе...

На 27 октомври годинава во Брисел  се одржа финалната конференција прганизирана од страна на ЕК . На оваа конференција свое учество во име на ИРУ зема и делегатот од Белгија Имер Кајтази кој воедно е претседател на НВО „Романо Џивдипа„ Романо Културно Центро. Покрај него според неговиот извештај свое учество земаа и високи членови од ЕК, НВО сектор, волонтери, локални и национални институции кои работат на проектот финансиран од Европската Комисија.

Повеќе...

На 18 октомври во една локална кафе пицерија во чешкиот град Жатец беше брутално претепан и убиен 27 годишен Ром од градот Жатец. Според досегашните информации има многу пропусти во истражителните постапки поповод овој случај. Затоа ИРУ и претседателот Зоран Димов испратија писмо -реакција до Амбасадата на Чешката Република во Скопје.

Повеќе...

На стартот од неделава во Братислава, Словачка се одржа Конференција посветена за активната улога на Младинскиот Ромски капацитет во рамки на делување во ЕУ и надвор од неа.

Меѓу големиот број партиципиенти на оваа конференција свое учество имаше и Интернационалната Ромска Унија - ИРУ со свои преставници. Исто така присутен беше и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, каде покрај учеството имаше и средби, разговори за понатамошна соработка како и размена на искуства.

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba