Инаку офисот на ИРУ во Москва чиј шеф е Анатолиј Бутаков, ќе има задача освен со членовите на ИРУ од Русија да има кординација и работа со другите држави од тој регион како што се Грузија, Азербејџан, Казахстан, Ерменија, Узбекистан, Туркменистан, Киргистан, Таџикистан и другите некогашни држави од екс Советскиот Сојуз.

На тој начин се зацврстува и заложбата на ИРУ за присуство на делегати од сите региони на светот и на повисоко решавање на сите приоритетни прашања кога е станува збор за Ромската нација насекаде.