На мислење сум да поставам едно основно прашање:
Многу фондации, организации и институции, нудат програми и проекти за подобрување на состојбата на Ромите на сите нивоа, се поставува прашањето колку квалитетно, конструктивно и транспарентно се работи на ова поле од страна на тие имплементатори на тие проектни активности. Истовремено се поставува прашањето со кои резултати и ефекти можат да се пофалат тие реализатори на овие проектни активности.
Во тоа „сивило„ на активизам влегуваат и сите интернационални, национални, локални и со слични придавки ромски организации, кој за нивна промоција пред донаторите и други државни институции се преставуваат како „единствени, вистински и најголеми ромски застапници„. Се преставуваат како лидери на ромското движење , ќе почнат да девалвираат други вистински борци за ромските права, ќе организираат конгреси, собранија, ќе лиферуваат еден куп донесени декларации, одлуки и слични манифести со наводна подршка од нивното виртуелно членство за потоа по краток период едноставно „ да исчезнат„ од визирот на ромското движење и активизам, со тоа што ја постигнале својата лична цел, со земени некои симболични средства за нивно лично профитирање врз грбот на Ромите, и со тоа го покажуваат својот вистински капацитет, легитимитет и патриотизам
Мора да бидеме свесни дека институциите се соочуваат со многу внатрешни и надворешни предизвици во спроведувањето на нивната надлежност. Покрај ова, очекувањата се огромни, а можностите сé поограничени. Она што сакаме да го направиме, е да им помогнеме на институциите преку јакнење на нивните капацитети, регионална соработка и размена на искуства и знаење за случувањата на европско ниво во однос на интеграцијата на Ромите. Неопходно за да се поддржи овој процес, е да постои искрена желба и отвореност за соработка.
Поставувајќи си вакви предизвици, мора да се запрашаме сите ние, како живеат и со кој проблеми во секојдневието се соочуваат нашите браќа и сестри Роми на секој меридијан во светот. Со какви бруталности и репресии се соочуваат Ромите како од Европа, така и од С. Америка, Ј.Америка, и воопшто како пример, кој покажал голем интерес за Ромите и нивните проблеми од кризните региони како што се Ромите бегалци од Сирија, Ирак, Авганистан и вжештениот Балкан. Кој превзел акција да ја разгледа таа соотојба?
Доволно е да се каже дека покрај вината која е кај светските организации, најголемата е кај нас самите Ромите. Не сме се потрудиле да го подигнеме ова прашање на највисоко ниво.
Затоа почитувани мои браќа и сестри Роми, почитувани пријатели на Ромите, интелектуалци, ромски активисти кои се борат за ромските политики, потребно е да превземеме повеќе отворени и конкретни акции, отколку само гордо да се прикажуваме дека сме Роми, на вакви денови, со положување на цвеќиња, интонирање на химна и изразување сочувства и емоционални пораки. Време е за поголеми и видливи акции, и вклучување на црвеното светло за аларм.
Да прекинеме со илустративни пораки „Кој е најголемиот Ром„ , туку да дадеме конкретен свој придонес да се елиминираат сите недоследности со кој се соочува напатениот Ромки народ
Согледувајќи ја реалната сосотојба на Ромите на интернационално и национално ниво, морам да напоменам дека токму на 8-ми Април сите ние заедно потребно е да ги покажеме сите акции за општа подобра сосотојба, елиминација на пропустите. Но тоа е потребно со донесување на акти, резолуции, прогласи, протестни маршеви и реакции, а не со некој вид на манифестации, концерти, гала вечери и коктели.
Се е добро кога се прикажуваат Ромите во својот културен идентитет, но потребна е поголема активност за решавање на постојаните проблеми и изнаоѓање на излез од овие состојби.
8- ми Април, ќе дојде и ќе пројде, и така последователно ќе поминат многу Осми Априли, но каде сме ние тука?
Потребни ни се 365 „Осми Април„ во годината, за да се помрднат работите.
Бидете благословени и нека ни е Господ напомош.
Со почит
Зоран Димов
Претседател на ИРУ