Во рамикте на активностите, ќе се остварат средби кои ќе бидат важни за ИРУ стратегијата и програмата.
Прво ќе имаат средба со преставници на ЕРИО каде ќе се разменат мислења како и идеи за соработка меѓу ЕРИО и ИРУ.
Веќе во вториот дел од состаноците ќе се оствари средба со европарламентарецот од Велика Британија Џејмс Карвер. На таа средба ќе се даде осврт за сето она што ИРУ го работи во врска со Ромите.
Во текот на денот ќе се остварат и значајни средби со шефови на кабинети и канцаларии од ЕК, каде посебен акцент ќе се даде за состојбара со Ромите од Западен Балкан. Средбите се закажани со членови на кабинетот на Јункер, како што е Џеновева Руис Калавера, инаку директор во Канцеларијата за Западен Балкан во Брисел.
Во текот на активностите ќе се остварат и други средби и контакти кои ќе бидат во корист за понатамошна блиска соработка и работа на заеднички проекти.