Поради претходните недоразбирања и усогласувања на ставови на ИРУ која беше поделена , и воедно испразнетото место во Бордот на ЕВЗ фондацијата, со заедничка координација и севкупен ангажман на сите членови и делегати на ИРУ преку комуникација и разговори ја имам таа чест да Ве информирам дека и тоа поглавје е успешно завршено кое може самода донесе за добробит на Ромската нација.

 

Всушност 23.01.2018 година ќе влезе во аналите на историјата на ИРУ како еден многу убав и позитивен пример, дека преку дијалог и разбирање можат дасе решат многу рпоблеми и недоразбирања.

 

Всушност на тој состанок во Офисот на Фондацијата на ЕВЗ во Берлин се одржа средба со сите засегнати страни. На тој состанок каде учевствуваме ние како ИРУ преставена од мене како Претседател Зоран Димов, Роман Чобнјански од Полска како и нашиот адвокат Франк Репенхаген од Германија , а истовремено од друга страна беше ИРУ-Латвија преставена од Претседателот Нортмунд Рудевич, Груја Бумбу од Романија, Иван Бариев од Русија, Валисиј Драгоиод Молдавија и адвокатот од САД Бари Фишер, со посредство на двајцата најодговорни од ЕВЗ Фондацијата  Гл.Директор Др Андреас Еберхарт и Шефот на Бордот Др Харалд Браун.

 

Постигнавме историски договор и усогласување со кое испразнетото место во Бордот на доверители во ЕВЗ Фондацијата, и преставник од ИРУ бев назначен јас -Зоран Димов, со мандат од 1 година.

 

Всушност ова преставува огромен успех на двете ИРУ и заедничка победа.

Уште поважно е дека отсега заеднички и двете ИРУ ќе делуваат заедно како едно ИРУ работејќи во заеднички интерес, а највеќе во интерес на сите Роми.

 

Истовремено потпишан е и меморандум за соработка и делување, каде за цел имаме на следниот Конгрес на ИРУ во Лондон во 2019 година ќе имаме еден заеднички настап и заедничко делување и истакнување заеднички кандидати за позиции во Претседателството на ИРУ.

 

Ова преставува навистина еден голем заеднички успех на сите делегати и членови на ИРУ кој се навистина заслужни за овој постигнат договор.

Сега ни преостанува заедно сите како еден да продлжиме со заеднбички сили и уште посилно да го преставуваме ромскиот глас насекаде каде ќе имаме можност за тоа.

Самите занете дека следен чекор е заеднички да го псотигнеме и она што долго време го очекуваме а тоа е повторна регистрација о обновувње на ЕКОСОС бројот во О.Н во Њујорк, кој ќе биде еден вид на круна на нашата досегашна заедничка активност на сите делегати и членови на ИРУ.

 

Сите нам ни е позната добро паролата на ИРУ - Заедно сите сме посилни - Еден е ИРУ - сите сме ИРУ!

 

Срдечно

Зоран Димов

Претседател на ИРУ