Средбата беше организирана во соработка со Форумот за Националните малцинства (Minderheden Forum). На средбата беше присатна и г-ѓа Ким Јансенс одговорна од офисот за Роми и Синт, и директорот на Форумот г-динот Воутер Ван Белинген. По преставување на ИРУ од страна на претседателот Зоран Димов и нивните активности и надлежности. Воедно Форумот беше подготвен на секој начин да соработува со ИРУ за да помогне на Ромската заедница во овој дел од Европа. Беше донесен и заклучок како ИРУ делегат од Белгија да биде назначен г-динот Имер Кајтази, истакнат активист Ром од Брисел - Белгија.

Во соработка со ИРУ, и Minderheden Forum , ќе се формира Ромска мрежа, со која ќе се направат акциони планови и соработка за решавање на проблемите на Ромите од овој дел на Европа, во координација со Имер Кајтази, организацијата „Романо Џивдипа„ и Мрежата на Ромски организации од Белгија.