Г-динот Клајн го исткана своето огромно задоволство во врска со оваа средба со преставниците на ИРУ, за која како што напомена остава широк простор за понатамошно интезивна соработка помеѓу овие две организации на полето на активирање и колаборација во врска со страдањето за време на Холокаустот, каде најголеми жртви беа токму овие два народа.
Зоран Димов го запозна Клајн за сите превземени активности кои ги прави ИРУ и за плановите во иднина.
Клајн напомена дека одсега и понатаму ИРУ како релевантна организација и преставник на Ромите на интернационално ниво , ќе ја има сета подршка во реализација на планови и проекти, кои се од голем значај, а тука е и неговата организација која ќе стои позади сето ова во вид на поддршка. Најавено е и средби во скоро врема за издејствување и планови на нови проекти на релација ИРУ о германската влада зад кого стои и оваа организација во рамките на соработка и имплементација на повеќе проекти. Планирано е во заеднички акции отварање на нови заеднички меморијални центри за Евреите и Ромите.