Со заклучоците и донесените декларации на 10-от Конгрес на ИРУ во Скопје, една од клучните приоритети во периодот кој следува е т.н. Демократската транзиција. Во рамките на тој процес за негова реализација, на 10-от ИРУ Конгрес беше формирана Комисија за Демократска Транзиција на чие чело е г-дин Гратан Пуксон од Велика Британија. Тој и останатите 9 (девет) членови на Комисијата ја имаат задачата да се имплементира со можност за електронското гласање на идниот состав на ИРУ во 2020 година. Со имплементација на Демократската Транзиција - електронско гласање, ќе се направи прогрес во демократскиот амбиент во ИРУ, каде со овој вид на гласање, следниот избран состав на ИРУ ќе има поширок и повалиден мандат.
Воедно ИРУ се залага за борба и спречување на се поголемиот бран на анти ромското расположение, остварување на основните права на секој човек и достоинството и вредноста на човекот преставува најголемо демократско право , и аналогно на тоа се донесува и на секој припадник на ромската нација насекаде низ светот, примена на Повелбата од ОН и одлуките на сите останати европски и светски меѓународни организации кои се промовираат цели и планови за што поголем напредок на Ромската нацијаво сите интегративни процеси со уважување на сите наши посебности и специфичности како што е јазикот, културата,религијата и во сите останати релевантни фактори.