Со одржување на Првиот Светски Ромски Конгрес во 1971 година во Опрингтон - Лондон (Велика Британија) кој тогаш беше делумно финансиран од страна на Светскиот совет на црквите и Владата на Индија е всушност старт на функционирање на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ. На тој настан присуствуваа 23 делегати - преставници од 9 тогашни држави (Чехословачка, Финска, Норвешла, Франција, Велика Британија, Германија, Унгарија, Ирска, Шпанија и Југославија) како и набљудувачи од Белгија, Канада, Индија и САД.
На тој Прв Конгрес на ИРУ исто така беше формирана и Комисија и под комисии кој ќе работат во полето на Социјалата, Образование, Воени злосторства, јазикот и културата.
На Конгресот донесена е одлука за ромското знаме по теркот кој беше употребен за време ка Формирање Здружението на Ромите од Романија во 1933 година, каде основата е двобојна Сино и зелена, со црвена шеснаесет крака чакра - тркало, кој ќе биде како ромски национален симбол, и воедно „ Gelem, Gelem „ беше усвоена како Ромска Химна. Од мнозинството беше усвоена и декларација за употреба на поимот „Роми„ како замена за дотогашната формулација „Цигани„ . Како резултат на сето тоа и дотогашниот Интернационален Цигански комитет формиран во 1965 година е проформулиран во Интернационален Ромски Комитет - Lumniakoro Romano Komiteto.