Тоа подразбира борба за нашиот идентитет, име, достоинствен, социјален, економски и друг начин на функционирање.
Таа борба од нашето постоење никогаш не завршила, туку напротив секогаш постоела и ќе постои.
Нашата задача е сите тие недостатоци и неправди системски и институционално да ги елиминираме или колку што може повеќе да ги минимизираме.
Таа активност е многу тешка и долготрајна во сите сегменти. Затоа и е потребно да се организираме и да делуваме. Тоа задача и мисија на сите ромски организации насекаде низ светот.
По тие стапки оди и најстарта и најголема интернационална организација - Интернационалната Ромска Унија - ИРУ. Таа борба и активност отсекогаш била и ќе биде. Тоа стои и во самиот Статус на ИРУ!
Затоа сегашниот состав на ИРУ, прави напори, стратегии и планови во рамките на тие полиња.
Некои од тие наши задачи и мисии со упорна работа ги остваруваме. Тоа остварување е всушност да можеме со наше членување во повеќе интернационални институции да влеземе и со активен ангажман да предлагаме, решаваме и донесуваме одлуки кои се од голема важност за целата Ромска нација во светот.
Реално да кажеме, ИРУ да стигне насекаде и на сите полиња не е секогаш и „возможна мисија„. Тоа не зависи само од ИРУ. Тоа зависи и од надворешните услови, можности и воедно институционалните капацитети на ИРУ.
Тоа подразбира конекција со ИРУ и нејзините досегашни активни учество во заедничка работа во ОН по доделениот ЕКОСОС статус од ОН и офисите во Њујорк, Виена и Женева.
Учество во работата и донесување одлуки во Брисел и ЕУ, во Советот на Европа во Стразбур, во Европската Комисија. Учество во работата во Бордот на Доверители во Берлин во Фондацијата на ЕВЗ. Учество и рамноправно делување во ОБСЕ -ОДХР, УНИЦЕФ како и во активности ширум светот во Азија, Африка, Америка и Австралија.
Од тој аспект и во пресрет на следниот 11-ти Конгрес на ИРУ во август 2019 година, ИРУ испраќа повик до сите Ромски активисти, волонтери, професионалци во своите активности од сите полиња од целиот свет, кој се чувствуваат дека може да и се помогне на Ромската нација насекаде во светот, и за идните планови и стратегии на ИРУ.
Затоа сите Вие заинтересирани Ромски активисти,волонтери, интелектуална сила на Ромската нација, млади Роми, почитувани браќа и сестри насекаде низ светот!
Ве молиме слободно можете да испратите:
Ваше СV
Досегашни ангажмани и професионални искуства и на које поле можете да продонесте, заеднички во соработка со ИРУ.
Кратко мотивациско писмо
На кое поле или полиња ќе можете најуспешно да придонесете и на кој начин можете да го валоризирате сето тоа.
Вратите на ИРУ се ширум отворени за се сите добри идеи за соработка и заедничко делување.
Затоа ИРУ ги очекува сите Ваши идеи, предлози и начин на соработка, а истовремено и овој повик може да го препратат и прошират на сите страни на светот каде има такви ромски капацитети на следниот е маил : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со најголема почит кон сите Вас во името на сите членови, делегати и симаптизери на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ и нејзиниот претседател - Зоран Димов.