Ова стои и во полицијскиот извештај кој ја спроведе истрагата по повод оваа трагедија : https://lv.npu.gov.ua/news/podiya/policziya-zatrimala-usix-napadnikiv-na-romske-poselennya-u-lvovi-sergij-knyazjev/

Ние како светска организација со нашите над 50 делегати од над 40 држави во светот, реагираме на овој атак врз Ромската нација која за жал не е прв пат. Сличен ваков напад се случи и неодамна на 27 април оваа година кога на сличен начин беа нападнати Роми во своите нелгални ромски населби, кој за среќе помина без жртви.

Овие зачестени појави се загрижувачки и оставаат вшечаток дека се организирани од т.н. неонацистички групи и групации кои се директно насочени кон Ромите и отворено го покажуваат својот антиромски став.

Овие акти кои се недвосмислено насочени кон најлесно ранливата нација - Ромите може да ја дефинираме како „многу опасни„, затоа што со тоа се будат „старите сеништа од минатото„.

Инаку да напоменеме дека ИРУ има свој асцијативен статус како организација со своја регистрација во ОН и ЕКОСОС регистрација во Њујорк, Виена и Женева.

Затоа би Ве замолиле нашата загриженост и реакција да ја пренесете до Владата на Р.Украина, и сите овие случувања да се решат по судски пат најотворено, најтранспарентно и до крај без никакви ограничувања и да се превземат соодветни заштитни мерки кон најхлесно ранливата категорија - Ромите. Исто така апелираме на најстроги и ригорозни казни кон сите оние кои се решаваат кон вакви чекори, како и државата да превзеде поголема одговорност да не се повторуваат овие инциденти.

 

Со почит

Зоран Димов

Претседател на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ