Ние како светска организација со нашите над 50 делегати од над 40 држави во светот, најостро реагираме и се споротивставуваме на овој според нас фларгантно кршење на човековите права кој е насочен кон народ кој е еден од најмаргинализираните и најдискриминиран народ во светот - Ромската нација.
Овие изјави и завземени ставови од страна на владејачката структура во Италија, а насочени кон најлесно ранливата нација - Ромите може да ја дефинираме како „многу опасни„, затоа што со тоа се будат „старите сеништа од минатото„.
Затоа ние како ИРУ апелираме овие одлуки најпрво да се преиспитаат и да се повлечат, затоа што покрај опасноста од превземените евентуални акции, ќе предизвикаат серизони нарушувања во системот на владеење, ограничување на слободата на движење и грубо кршење на човековите права.
Инаку да напоменеме дека ИРУ има свој асцијативен статус како организација со своја регистрација во ОН и ЕКОСОС регистрација во Њујорк, Виена и Женева.
На крај исто така можеме да констатираме дека и подоцнежните изјави во врска со предложените цели и акции од страна на италијанската Влада кон Ромите, дека тоа се само со намера „ да им се помогне„ на Ромите (изјава на потсекретарот во министерството за надворешни равоти на Италија, г-дин Џулиелмо Пичи). се сосема провидни и двосмислени.
Затоа би Ве замолиле нашата загриженост и реакција да ја пренесете до Владата на Р.Италија, и воедно уште еднаш напоменуване да се пресипитаат сите предложени и евентуално превземени акции кон Ромите во Италија.
Со почит
Зоран Димов
Претседател на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ