Во текот на Конференцијата Претседателот на ИРУ Зоран Димов и Шефот на ИРУ Комисиите Розита Гронфорс остварија и средба со Министерот Алиса Бах Кунке, на која разговараа на повеќе теми поврзани со Ромите од Шведска и воопшто за Ромите од регионот. На Министерот му беше преставена и Стратешката Рамка на ИРУ и активностите кои следуваат. Воедно Министерот Кунке напомена дека Шведска како демократска држава прави напори за целосна интеграција на Ромите во сите сфери на животот. Досега постигнато е многу, но сепак ќе продолжат и понатаму да се залагаат за повисоки достигнувања. Воедно од страна на министерот беше кажано дека таа ќе се залага и за реализација на повеќе запознати проекти од страна на ИРУ кои имаат тесна поврзаност на полето на Културата и демократијата. Инаку за потсетување, на 01 Октомври во Стокхолм ќе се одржи состанок на ИРУ Комисиите и презентација на Стратешките Рамки и програми на ИРУ во периодот до 2020 година.
Во Стокхолм Шведска: Средба на Претседателот на ИРУ Зоран Димов со Министерот за култура и демократија Алиса Бах Кунке
- Детали