На 1 Ноември 2022 година во официјална работна посета во офисот на Амбасадата на Шпанија во Р.С.Македонија од страна на Н.Е Хосе Луис Лозано Гарсија беше примен претседателот на Интернационалната Ромска Унија ИРУ, Зоран Димов.

.

За време на нивната средба Претседателот на ИРУ го запозна амбасадорот Гарсија за активностите кои ги спроведува ИРУ и неговот членство. Амбасадорот покажа интерес и воедно покажа подготвеност на соработка со ИРУ на повеќе полиња.

Претседателот Димов го запозна со активноста на ИРУ у реализација на Ромскиот Инвестициски Фондза кој амбасадорот Гарсија напомена дека е многу интересен проект и иницијатива како и дека ќе направи напори преку Владата на Шпанија и ромски и неромски бизнисмени да се вклучат во креирање на РИФ.

Воедно на национално ниво Димов го престави и проектот кој веќе функционира во Р.С.Македонија преку РБИЦМ а тоа е „Педагошки помошници„ за деца Роми од основното училиште.

Истовремено разговараа и за полето од културата и уметноста и поврзување на културни и филмски активности меѓу Ромите од Македонија и Ромите од Шпанија но и другите народи кои живеат во овие две држави.

На крајот од нивната средба беше кажано дека сега ќе се ангажираат и двете страни сите овие идеи и насоки чекор по чекор да се реализираат, и најавија скорешна и повторна средба.