Како дел од активностите на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ, во врска со средбите и одржување на состанок на членовите, делегатите и Кабинетот на ИРУ во периодот кој доаѓа каде ќе се дискутира за витални планови и програми во периодот кој престои, Зоран  Димов како претседател на ИРУ ќе има работна посета со дел од ИРУ членовите од Србија.

Состанокто ќе се одржи во Белград, каде ќе се координираат сите потребни активности во врска со состаноците кои престојат.

Истовремено овие денови покрај Србија, Димов има закажано состаноци и средби со останатите членови на ИРУ како што се Унгарија и Словачка.

Тие средби ќе се одржат во периодот од 8 до 10 јуни годинава.

Денес се одржа ИРУ Видео конференција на која присуствуваа повеќето од делегатите од целиот свет.

Делегати присуствуваа од Америка, Шведска, Индија, Франција, Словачка, Чешка, Унгарија, Аустрија, Англија, Србија, Македонија, Финска, Босна и Херцеговина, Полска, Швајцарија и Романија.

Во рамките за соработка и понатамошни активности Претседателот на ИРУ Зоран Димов и Претседателот на Ромскиот Совет од Америка, Калифорнија- "Gypsy Council of America - California", Анатолиј Бутаков го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу овие две ромски организации.

Меѓу другото во меморандумот е назначено дека и двете страни се за зацврстување на соработката кој е поврзан со Ромските прашања.

Тоа се прави се со цел за подигање на нивото од социо-економските исто така и културните и јазичните состојби и со идентитетот на Ромите, о уште посилно единство помеѓу овие две организации.

И ИРУ и АРС  веруваат дека силата и успесите доаѓаат преку соработка помеѓу различни партнери каде што секој партнер придонесува со неговата експертиза. 

Денеска во рамките на досегашните активности Претседателот на ИРУ, Зоран Димов по покана од страна на Амбасадата на Р.Италија во Република Македонија оствари средба со Амбасадорот НЕ Карло Ромео.

За време на нивната средба се разгоравараше во врска со актуелните случувања и сосотојбата на Ромите во Р.Италија. Меѓу другото се разговараше и во врска со немилиот настан кој се случи на 10 мај годинава во еден ромски камп во предградието на Рим, каде во подметнат пожар настрадаа 3 лица од ромска националност  - девојчиња на возрсат од 4 до 20 години. Во тој контекст ИРУ минатат недела до Амбасадата на Р.Италија во Р.Македонија испрати и еден допис во вид на Реакција.